Барај
Стилот на Били Ајлиш ги разбранува младите
БЛОГ

Стилот на Били Ајлиш ги разбранува младите

„Кога се облекувам како Били, се чувствувам поблиску до неа. Јас не се сметам себеси за типично девојче. Имам облини и сакам да возам скејтборд. Да се чувствувам удобно во мојата кожа е нешто многу важно за мене. Стилот на Били ми дава храброст да го правам тоа“, вака 14 годишната Мила Дочева од Бугарија говори за нејзиниот идол Били Ајлиш, пренесува Њујорк Тајмс.

Веројатно веќе и да не постои човек кој не слушнал за ултра популарната 18 годишна музичарка Били Ајлиш која на неодамнешните Греми награди освои дури четири статуетки со што стана најмладата жена во историјата на која ѝ успеало да ги „собере“ сите во една вечер.


Били Ајлиш како дел од кампањата на Калвин Клајн

Со оглед на тоа како се движеа оценките за нејзиниот албум и сите одлични песни содржани на истиот, повеќе од сигурен беше нејзиниот успех на музичките награди и воопшто, во музичката индустрија.

Подеднакво популарен како и нејзината музика е стилот што таа го негува, а за кој мора да признаете дека е ултра впечатлив, секогаш храбар и сосема поинаков од оној што навикнавме да го гледаме кај поп ѕвездите.

На социјалните мрежи секојдневно ќе најдете безброј фотографии на кои видливо е влијанието на младата поп ѕвезда врз новата генерација која е обземена од целата Били Ајлиш „манија“.

Настрана бунтовничкото однесување, таа секогаш зрачи со храброст и уникатност, нешто што секогаш е добредојдено за младите луѓе.


Одберете го омиленото парче од уникатната колекција на Desigual 

Автентична по нејзината зелено бојадисана коса, широките парчиња се нешто што таа обожува да го носи, а вели дека тоа е така поради тоа што не сака никој да ја оценува според нејзиното тело.

Во рекламата за Калвин Клајн талентираната пејачка ќе каже дека не сака никој да има мислење за нејзиното тело за да не може да ја критикува или да ја сака, туку се обидува на сите да им посочи колку е важно она што човекот го носи одвнатре.

Можеби токму затоа светот ја обожува. Многумина ќе кажат дека нејзините родители завршиле одлична работа со неа и нејзиниот популарен брат Финеас, односно изградиле скромни и чесни млади луѓе кои покрај другото се мулти талентирани.

И двајцата, сè уште живеат во семејната куќа каде се наоѓа и нивното студио во кое со основна опрема се направени некои од нејзините најголеми хитови.

На Греми наградите се чини таа сакаше да остави поголем впечаток од кога и да е, па се појави во целосна комбинација на Гучи, повторно составена од широки парчиња.

И повеќе од очекувано беше големите брендови да сакаат да соработуваат со оваа млада личност, со оглед на огромното влијание што го има врз новата генерација.

Модните експерти посочуваат дека ова и воопшто не е лошо, ако земеме предвид дека она на што таа ги учи младите личности е да се чувствуваат убаво и без шминка, па дури и со најшироката облека што ја имаат во плакарот.


Младешка комбинација од Desigual совршена за безброј пригоди

Во свет кога младата популација се соочува со сериозни предизвици во пронаоѓањето на вистинскиот пат, Били Ајлиш е прекрасна млада и талентирана бунтовничка која има уште многу што да каже. 


Точкастиот принт како еден од омилените на младите сезонава

Фустан - дуксер со потпис на Superdry 

 


 

Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:



                                 

30.01.2020.
Trenutno nema komentara

Слични статии

18.
Sep.
2022.
БЛОГ
На денот на најголемиот настан во кој се вперени очите од сите страни на светот, погребот на кралицата Елизабета Втора, се потсетуваме зошто многумина ја нар...
16.
Sep.
2022.
БЛОГ
Ја отвораме новата сезона со најстилските парчиња што можете да си ги замислите, а ако на оваа прекрасна вест додадеме дека со секоја сметка добивате ваучер ...
13.
Sep.
2022.
БЛОГ
Иако секогаш омилената црвена нијанса и оваа сезона некако излезе на површина, сепак, кафените и крем бои од палетата се нешто на што едвај чекаме.