Барај
Најдобро облечените ѕвезди на Оскари 2020
БЛОГ

Најдобро облечените ѕвезди на Оскари 2020

По 92 – ри пат, вчеравечер во театарот Долби се одржа долгоочекуваната церемонија на Оскарите, која со себе донесе многу изненадувања.

Иако сите навивавме екипата на „Медена земја“ дома да се врати со статуетка, тоа не се случи, но со самото тоа што тие направија филм од светски размери со исклучителна порака, беше и повеќе од доволно.


Фото: Република

Силниот дожд не ги спречи светските ѕвезди да блеснат во своите најдобри изданија на црвениот килим, па така и вчеравечер бевме сведоци на неодоливи стајлинзи, но како и секогаш, имаше и промашувања.

 


Марго Роби во Шанел

Скарлет Јохансон во Оскар де ла Рента

Пенелопе Круз во Шанел

Овој прекрасен понеделник го разубавуваме со преглед на највпечатливите моменти кои останаа запаметени во дождливата неделна вечер.

 


Срша Ронан
Бри Ларсон

Ребел Вилсон

Тимоти Шаламе

Били Ајлиш

Били Портер

Она на што треба да му се посвети подеднакво внимание како и на стајлинзите, беа пораките кои актерите ги упатија кога вниманието на целиот свет беше насочено кон нив.

Се чини најголем впечаток на црвениот килим остави прекрасната актерка Натали Портман која се појави во уникатен фустан со потпис на Диор, дополнително украсен со црна наметка на која во вид на брошеви, беа поставени имињата на сите жени режисерки кои не беа номинирани за престижната награда.

 


Натали Портман во Диор

Жанел Моне во Ралф Лорен

 

Особено внимание привлече ултра талентираната Жанел Моне која ја отвори Оскаровската вечер со неверојатно музичко шоу во кое не заборави да напомене дека „Оскарите се толку бели“, а ги освои симпатиите на сите и со нејзиниот фантастичен избор на креации.


Настапот на Жанел Моне

Кога сме кај највпечатливите моменти од годинешната церемонија, не смееме да го заборавиме говорот на Бред Пит кој ја освои наградата за најдобар актер во споредна улога, а истата ја посвети на неговите деца за кои ќе каже дека ги обожува повеќе од сè.

 

Подеднакво прекрасна е дружбата помеѓу него и Леонардо ди Каприо чии фотографии ги освоија социјалните мрежи вчеравечер. Нешто на што не смееме да заборавиме е тоа дека за прв пат во историјата, Оскарите имаа презентер со Даунов синдром.

 

Моментот што ги изненади сите, беше оној кога филмот „Паразит“ на режисерот Бонг Џон Хо освои неверојатни четири статуетки, меѓу кои и онаа за најдобар филм и најдобар режисер со што стана првото филмско остварување од Јужна Кореја што било кога било номинирано и победило на Оскарите.

 

Наградата за најдобар актер во главна улога очекувано му припадна на Хоакин Феникс за неговата улога во „Џокер“, додека Рене Зелвегер си замина со статуетката за најдобра женска улога за фантастичната изведба во „Џуди“.

Лора Дерн беше уште една прекрасна дама која освои една од главните награди вчеравечер, односно онаа за најдобра женска изведба во споредна улога.

 


Лора Дерн во Армани

Подеднакво емотивен и изненадувачки момент беше победата на Таика Вајтити за најдобро адаптирано сценарио за „Џоџо зајакот“ кој беше и еден од фаворитите оваа година.

 


Таика Вајтити

Скарлет Јохансон ја толкува главната улога во „Џоџо зајакот“

Настрана наградите, прекрасно беше тоа што најголем дел од актерите на Оскарите пристигнаа со своите мајки, а дефинитивно најфотографиран беше згодниот Кијану Ривс кој изгледаше неодоливо со неговата стилска мајка.

Ниту Коби Брајант не беше заборавен на вчерашните Оскари кога режисерот Спајк Ли се појави во виолетов костим со бројката на трагично загинатиот кошаркар.

Прекрасна беше малата актерка Џулија Батерс која во мини чантичката на Оскарите понесе сендвич со мисирка, бидејќи како што ќе изјави, јадењето на Оскарите не и се допаѓало многу. Нејзината фотографија со сендвичот за кратко стана вирална на социјалните мрежи.

Низ фотографиите погоре, погледнете во какви изданија се појавија ѕвездите на вчерашното издание на Оскарите, а потсетете се и на некои од најблескавите моменти на вечерта.

Фото извор: Getty Images

Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:



                                    

10.02.2020.
Trenutno nema komentara

Слични статии

18.
Sep.
2022.
БЛОГ
На денот на најголемиот настан во кој се вперени очите од сите страни на светот, погребот на кралицата Елизабета Втора, се потсетуваме зошто многумина ја нар...
16.
Sep.
2022.
БЛОГ
Ја отвораме новата сезона со најстилските парчиња што можете да си ги замислите, а ако на оваа прекрасна вест додадеме дека со секоја сметка добивате ваучер ...
13.
Sep.
2022.
БЛОГ
Иако секогаш омилената црвена нијанса и оваа сезона некако излезе на површина, сепак, кафените и крем бои од палетата се нешто на што едвај чекаме.