Барај
Подостапни од кога и да е: Scotch&Soda од денеска и онлајн!
БЛОГ

Подостапни од кога и да е: Scotch&Soda од денеска и онлајн!

Овој петок не можеше да започне поубаво! Веста со која сакаме да ви посакаме среќен последен ден од работната недела е дека вашиот омилен бренд Scotch&Soda од денеска е достапен и онлајн на www.fashiongroupoutlet.mk и на мобилната апликација. 

Станува збор за бренд што подолго време можете да го најдете како дел од мултибрендот Fashion&Friends, но отсега сите парчиња со нивниот потпис можете да ги нарачате и онлајн.

Инаку, Scotch&Soda е холандски бренд кој постои од 1985 година, познат по впечатливите и кул парчиња кои се едни од омилените на младите луѓе ширум светот.

Секогаш урбани и поинакви, парчињата на брендот зрачат со посебен шарм, а истите се одраз на секогаш позитивната енергија по која се познати дизајнерите на Scotch&Soda.

Она што тие нѝ предлагаат за 2020 – та година, се исклучително релаксирани кроеви, кул и чисти бои, или како што самите ги класифицираат – модерни класици што секој треба да ги има во плакарот.

Токму по тоа е и познат овој уникатен бренд кој долги години создава парчиња кои се веднаш препознатливи, парчиња без кои вашата гардероба не би била целосна и кои можете да ги носите во бројни пригоди.

Што се однесува до материјалите, за топлата сезона брендот го става ленот на пиедестал како еден од најудобните, но овојпат создава машки кошули за сите момци кои сакаат нешто поинакво.

За свеж изглед, тие им велат на момците да експериментираат и да не се двоумат за целосно бела комбинација или пак вметнување на парчиња со принт што во нивната колекција е целосно рачно нацртан.

Истите правила важат и за жените – беспрекорни кроеви во неодоливи бои, комбинација на тенки плетени џемперчиња со палта од лен, но секако и многу парчиња во интензивни бои и секогаш неодоливите пруги.

Дозволете си едно посебно доживување овој викенд – закажете кафе со пријателите и нарачајте некое од парчињата на брендот на кој денеска му велиме добредојде и на нашата интернет продавница.

Затоа што секогаш се грижиме за вас, понудата на www.fashiongroupoutlet.mk продолжува да се зголемува!

Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:



                                

28.02.2020.
Trenutno nema komentara

Слични статии

18.
Sep.
2022.
БЛОГ
На денот на најголемиот настан во кој се вперени очите од сите страни на светот, погребот на кралицата Елизабета Втора, се потсетуваме зошто многумина ја нар...
16.
Sep.
2022.
БЛОГ
Ја отвораме новата сезона со најстилските парчиња што можете да си ги замислите, а ако на оваа прекрасна вест додадеме дека со секоја сметка добивате ваучер ...
13.
Sep.
2022.
БЛОГ
Иако секогаш омилената црвена нијанса и оваа сезона некако излезе на површина, сепак, кафените и крем бои од палетата се нешто на што едвај чекаме.