Барај
Со ново парче, да го прославиме Националниот ден на фустанот!
БЛОГ

Со ново парче, да го прославиме Националниот ден на фустанот!

Фустанот е дефинитивно најголемиот класик во секој женски плакар и парче во кое секогаш се чувствуваме ултра женствено.

Истиот речиси секојдневно е дел од нашите стилски комбинации, без разлика дали станува збор за стајлинг за на работа, за прослава или прошетка со пријателките.

Денеска, 6 – ти март е Национален ден на фустаните, па нема подобар начин да го прославиме истиот со купување на некој од новите модели од последните колекции на нашите брендови.

Без разлика за кој модел ќе се одлучите, секогаш можете да направите истиот да изгледа сосема поинаку со помош на вистинските модни додатоци, чевли и соодветна шминка за пригодата.

Инаку, Националниот ден на фустанот е создаден од модната дизајнерка Ешли Лорен сакајќи да ги овековечи спомените што жените ги поврзуваат со нивните фустани.

„Имам силни емоции поврзани со моментите кога сум носела одреден фустан и мислам дека тоа е нешто што не треба да се заборави. Ова е супер ден за да се потсетиме и да ги славиме тие спомени. Овој ден за мене значи охрабрување за сите жени да ја слават својата женственост и да ги ценат моментите кои ги поминале во нивните омилени фустани“, го појаснува дизајнерката значењето на денот.

За целосно да им се посветите на тие моменти и вистински да ги уживате, не губете време и нарачајте го вашиот омилен пролетен фустан уште денеска. Ова ќе биде совршен начин да си посветите внимание себеси, а причина плус е Денот на жената кога сосема во ред е да си купите и сама на себе подарок.

Фустаните носете ги со патики и тренди јакна за прошетка низ градот, со високи потпетици на свадбата кај пријателката или пак едноставно, со стилски чизми и тенко капутче на работа.

Оваа сезона вашите омилени брендови создадоа толку многу модели од кои веруваме дека секој ќе го пронајде својот фаворит.

Што се однесува до принтови, точкастиот и цветниот повторно се на прво место, но она на што не смееме да заборавиме кога пролетта е во прашање се пастелните нијанси кои девојките толку многу ги обожуват.

Веруваме дека и вие ќе го најдете вашиот омилен фустан од неодоливата понуда, а секогаш прекрасниот петок е совршено време за тоа.

Нарачајте онлајн!

Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:



                                    

 

06.03.2020.
Trenutno nema komentara

Слични статии

18.
Sep.
2022.
БЛОГ
На денот на најголемиот настан во кој се вперени очите од сите страни на светот, погребот на кралицата Елизабета Втора, се потсетуваме зошто многумина ја нар...
16.
Sep.
2022.
БЛОГ
Ја отвораме новата сезона со најстилските парчиња што можете да си ги замислите, а ако на оваа прекрасна вест додадеме дека со секоја сметка добивате ваучер ...
13.
Sep.
2022.
БЛОГ
Иако секогаш омилената црвена нијанса и оваа сезона некако излезе на површина, сепак, кафените и крем бои од палетата се нешто на што едвај чекаме.