Барај
Едиторијал: Споделуваме моменти со МАНГО!
БЛОГ

Едиторијал: Споделуваме моменти со МАНГО!

Не постои ништо поубаво од нескротена енергија и возбудлив дух споени во едно и претставени преку храбра жена која обожува да експериментира со облеката и истовремено да носи парчиња изработени од најфини материјали.

Токму овие неколку карактеристики се основата на новата кампања на Манго, наречена едноставно „Споделени моменти“ преку која ве запознаваме со сите неодоливи парчиња за топлата сезона 2020.

Кампањата што ви ја пренесуваме преку фотографиите низ текстот, снимена е на неколку локации низ Скопје, а во истата ќе видите две прекрасни и бестрашни дами кои секогаш одбираат парчиња создадени од неодоливи материјали.

Манго девојката за следната сезона ќе биде повпечатлива од кога и да е, а и понатаму ќе биде вљубена во јаките и интензивни бои, во органските материјали, во плисираното, во цветното, но и во денимот и коженото како ултимативни примероци што секоја жена треба да ги има во плакарот.

За сите обожавателки на нежните бои, брендот создаде совршени костими и лелеави фустани што овојпат ги комбинираме со уникатни модни додатоци како стилски ремени на половината и чанти што знаеме дека ќе ги обожавате.

Издвојте се од толпата и во пролетта што доаѓа не плашете се да носите женски костим и во интензивна магента боја или пак впечатлив тексас комбинезон, дури и за на работа.

Доколку сакате да се чувствувате удобно, поставете си ваши правила и елегантниот костим или фустан носете го со едноставни бели патики кои досега ги остававте само за прошетки.

Оваа година бидете храбра дама и изненадете ги сите со изборот, а засега подгответе го вашиот плакар со парчиња чие време допрва ќе дојде. Ставете ги омилените производи во кошничка и направете си безброј комбинации, за веднаш потоа да можете да си ги нарачате онлајн и само сега, да ги добиете со бесплатна достава низ целата држава.

Модели: Дуња Радичевиќ и Хелен Бабиќ

Облека и додатоци: Манго

Фотографија: Мирко Табашевиќ

Шминка: Зоран Шурбевски

Фризура: Октај Сејди

Организација и реализација: Fashion Group

Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:



                              

17.03.2020.
Trenutno nema komentara

Слични статии

18.
Sep.
2022.
БЛОГ
На денот на најголемиот настан во кој се вперени очите од сите страни на светот, погребот на кралицата Елизабета Втора, се потсетуваме зошто многумина ја нар...
16.
Sep.
2022.
БЛОГ
Ја отвораме новата сезона со најстилските парчиња што можете да си ги замислите, а ако на оваа прекрасна вест додадеме дека со секоја сметка добивате ваучер ...
13.
Sep.
2022.
БЛОГ
Иако секогаш омилената црвена нијанса и оваа сезона некако излезе на површина, сепак, кафените и крем бои од палетата се нешто на што едвај чекаме.