Барај
Stay online, stay safe: Неодоливи попусти на новите колекции!
БЛОГ

Stay online, stay safe: Неодоливи попусти на новите колекции!

Во време кога единствено важно е да останеме дома и да се грижиме за сопственото и здравјето на околината, само за вас создадовме неодоливи попусти на сите нови колекции од нашите брендови.

Последно со што сакаме да ве израдуваме се акциите што ги подготвивме, а на кои знаеме дека нема да може да им одолеете.

Само сега, добивате попуст од -25% со износ од над 7.000 денари, -20% со износ од над 5.000 денари и -15% со износ од над 3.000 денари, а сите попусти се пресметуваат во кошничка.

Она што е важно, а сакаме да ве потсетиме е дека нашата достава почнувајќи од оваа недела е целосно бесплатна, а сите доставувачи од Eco Logistic се целосно опремени со соодветна заштита според стандардите на Светската здравствена организација. Во моментов, она што мора да се напомене е тоа дека доставата е единствено прекината во кризните региони.

Доколку досега немавте време да ги погледнете сите парчиња на нашата онлајн продавница кои постојано се обновуваат, сега е вистинскиот момент за тоа. Со утринското кафе кое сега обожавамe да го пиеме од удобноста на нашиот дом, разгледајте ги сите тренди парчиња и вметнеме ги во кошничка оние омилените.

Подгответе се за летото во кое знаеме дека ќе уживате штом помине се, но проверете ги и сите пролетни парчиња од нашите колекции, во кои секогаш вреди да се инвестира.

Подновете се со удобни обувки од големата понуда на секогаш удобните Geox, бидете тренди со парчињата на најновиот бренд онлајн – Scotch&Soda, а освежете ја вашата кутија со накит со највпечатливите модни додатоци од Parfois.

Бидете секогаш урбани со уникатните парчиња на Levi’s и Timberland во чија понуда ќе најдете маички на куси ракави во кои ќе посакате да го поминете секој ден од долгото, топло лето. За дамите, има неодолива понуда на фустани за секоја пригода, но и тренди џинс со кој ќе направите беспрекорни стајлинзи во секое време.

Доколку имате недостаток од кошули за на работните средби, тогаш повеќе нема да мора да се грижите за тоа, бидејќи во Mango и Springfield има совршена понуда на модели од кои знаеме дека ќе ги пронајдете вашите фаворити.

Направете си шик комбинации со парчиња што ќе ги сместите во вашата кошничка, а потоа за истите ќе добиете супер попуст што сега го подготвивме само за вас како наши верни купувачи.

Останете дома, грижете се за вашето здравје и уживајте во малите нешта, а ние ќе се погрижиме постојано да бидете во тек со нашите понуди кои барем малку ќе ве расположат овие денови.

Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:



                                  

 

18.03.2020.
Trenutno nema komentara

Слични статии

18.
Sep.
2022.
БЛОГ
На денот на најголемиот настан во кој се вперени очите од сите страни на светот, погребот на кралицата Елизабета Втора, се потсетуваме зошто многумина ја нар...
16.
Sep.
2022.
БЛОГ
Ја отвораме новата сезона со најстилските парчиња што можете да си ги замислите, а ако на оваа прекрасна вест додадеме дека со секоја сметка добивате ваучер ...
13.
Sep.
2022.
БЛОГ
Иако секогаш омилената црвена нијанса и оваа сезона некако излезе на површина, сепак, кафените и крем бои од палетата се нешто на што едвај чекаме.