Барај
Најпосакуваните пролетни чевли од Манго сега на намалување!
БЛОГ

Најпосакуваните пролетни чевли од Манго сега на намалување!

Колку што се важни пролетните модни трендови кога станува збор за облеката, подеднакво важни се и обувките кои секогаш се „јагода на шлагот“ кога говориме за совршена комбинација.

Во пролетната понуда на Манго, ќе најдете токму такви обувки, стилски и исклучително тренди, со кои ќе сакате да го надополните секој ваш пролетен изглед.

Она за што знаеме дека особено ќе се радувате, е тоа што од 04 – ти па се до 09 април, само за вас подготвивме намалување до 30 проценти на одредени артикли, а меѓу нив, и на вашите нови омилени обувки.

На врвот на листата омилени модни додатоци и оваа сезона повторно се најдоа токму стилските обувки кои пролетва доаѓаат во неодоливи бои, дезени и облици.

Без разлика кои ќе ги одберете, повеќе од сигурно е дека овие чевли ќе и дадат ефективен изглед на секоја ваша комбинација, а вие ќе се чувствувате посамоуверено од кога и да е.

Независно дали сте вљубеничка во високите потпетици или пак рамните чевли, Манго оваа сезона нуди навистина неодолив избор во кој секоја дама ќе го пронајде својот фаворит.

Во нивната понуда ќе најдете модели кои ја спојуваат елеганцијата и удобноста, но и такви кои се супер тренди и омилени на трендсетерките ширум светот.

Сандалите со ремчиња се дефинитивно едни од најпопуларните, а истите ќе бидат ваш најдобар сојузник во текот на летото, во кое се надеваме дека ќе уживаме штом помине вонредната состојба.

Брендот нуди и шик рамни модели, балетанки или пак чевли со украс во предниот дел, за сите оние девојки кои денот сакаат да го поминат уживајќи.

Најдобрите модели од актуелната понуда на Манго ги гледате во продолжение, па веднаш штом се одлучите за вашиот фаворит, додадете го во вашата кошничка и само сега, купете го на неодолив попуст!

 
Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:

                                
04.04.2020.
Trenutno nema komentara

Слични статии

18.
Sep.
2022.
БЛОГ
На денот на најголемиот настан во кој се вперени очите од сите страни на светот, погребот на кралицата Елизабета Втора, се потсетуваме зошто многумина ја нар...
16.
Sep.
2022.
БЛОГ
Ја отвораме новата сезона со најстилските парчиња што можете да си ги замислите, а ако на оваа прекрасна вест додадеме дека со секоја сметка добивате ваучер ...
13.
Sep.
2022.
БЛОГ
Иако секогаш омилената црвена нијанса и оваа сезона некако излезе на површина, сепак, кафените и крем бои од палетата се нешто на што едвај чекаме.