Барај
Пет пролетни комбинации на кои нема да им одолеете!
БЛОГ

Пет пролетни комбинации на кои нема да им одолеете!

Иако во деновите од неделава што изминува, некако немаме чувство дека е пролет, сепак, останува да се надеваме дека сонцето допрва ќе изгрее.

Денеска се расположуваме со овие пет неодоливо пролетни комбинации кои се совршени за секој ден од неделата.

Токму сега е времето да инвестирате во безвременски комбинезон или пак костим во интензивна боја кој е како создаден за сончевите денови со кои пролетта изобилува.

Сега е вистинскиот момент да заборавиме на парчињата во темни нијанси во кои уживавме изминатиот период и малку да експериментираме со боите и моделите.

Подгответе ги комбинациите во текот на викендот за да можете во раните утрински часови да се посветите на малите и слатки ритуали, како пиењето кафе или вежбањето јога.

Во текот на пролетта нема ништо поубаво од лежерен фустан кој е соодветен за извршување на работните обврски, но и за прошетка после работа во која се чини допрва ќе уживаме.

Без разлика дали ќе се одлучите за удобни бели патики или пак сандали на потпетица, на нашата онлајн продавница ќе го најдете вашиот фаворит.

Секако, во овие пет комбинации за во текот на неделата ги сместивме и оние безвременските кои секогаш вклучуваат фармерки, овојпат, комбинирани со омилената бела блузичка за оваа сезона.

Доколку на овие комбинации го додадеме раскошот од модни додатоци и вистинската чанта, тогаш целосно сме подготвени и за официјалното отворање на топлата сезона што толку долго ја чекавме!

Направете го вашиот избор уште денеска и уживајте во неодоливите попусти кои ги подготвивме само за вас.

Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:



                                             

 

 

 

07.05.2020.
Trenutno nema komentara

Слични статии

18.
Sep.
2022.
БЛОГ
На денот на најголемиот настан во кој се вперени очите од сите страни на светот, погребот на кралицата Елизабета Втора, се потсетуваме зошто многумина ја нар...
16.
Sep.
2022.
БЛОГ
Ја отвораме новата сезона со најстилските парчиња што можете да си ги замислите, а ако на оваа прекрасна вест додадеме дека со секоја сметка добивате ваучер ...
13.
Sep.
2022.
БЛОГ
Иако секогаш омилената црвена нијанса и оваа сезона некако излезе на површина, сепак, кафените и крем бои од палетата се нешто на што едвај чекаме.