Барај
Здолништата кои се љубов на прв поглед оваа пролет
БЛОГ

Здолништата кои се љубов на прв поглед оваа пролет

Во текот на летната сезона, нема ништо поубаво од лежерно здолниште во кое ќе уживате во текот на целиот ден, комбинирано со лесна маичка или стилска кошула.

Оваа сезона дозволен е буквално секој принт и секој материјал кога се здолништата во прашање, па така сезонава бидете храбри и експериментирајте.

Зависно од пригодата, девојките одбираат елегантни кроеви за деловните состаноци и лелеаво и стилско за сите останати пригоди.

Сезонава меѓу омилените повторно се враќаат парчињата од тексас, па така можете да изберете од мноштвото вакви здолништа или пак куси тексас панталони за сите моменти кога сакате да се истакнете.

По долгата зимска сезона, сега е вистинско време да им се препуштиме на летните принтови и бои во кои секогаш уживаме.

Одберете го вашиот фаворит од нашата неодолива понуда во вибрантни бои и разиграни нијанси и комбинирајте го со што и да посакате.

Ако некогаш се двоумите, вистински погодок секогаш е едноставната и памучна бела или црна маичка на куси ракави со која никогаш нема да погрешите, а истото важи и за деловната бела кошулка која секогаш делува толку отмено.

Нашите брендови сезонава ви нудат неодоливи опции од кои знаеме дека вие ќе ја одберете совршената за вас, а само сега, сите парчиња што ги ставивте во кошничка се на специјален попуст!

Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:



                                                 

11.05.2020.
Trenutno nema komentara

Слични статии

18.
Sep.
2022.
БЛОГ
На денот на најголемиот настан во кој се вперени очите од сите страни на светот, погребот на кралицата Елизабета Втора, се потсетуваме зошто многумина ја нар...
16.
Sep.
2022.
БЛОГ
Ја отвораме новата сезона со најстилските парчиња што можете да си ги замислите, а ако на оваа прекрасна вест додадеме дека со секоја сметка добивате ваучер ...
13.
Sep.
2022.
БЛОГ
Иако секогаш омилената црвена нијанса и оваа сезона некако излезе на површина, сепак, кафените и крем бои од палетата се нешто на што едвај чекаме.