Барај
Фото: Новата GUESS продавница, ултимативно кул место за вљубените во модата
БЛОГ

Фото: Новата GUESS продавница, ултимативно кул место за вљубените во модата

Во приземјето на трговскиот центар Сити Мол од денеска ќе најдете уште едно исклучително привлечно катче од каде секогаш ќе излезете подновени со впечатливи парчиња.

Американскиот бренд Guess ја отвори својата прва моно продавница каде сите обожаватели на стилските парчиња ќе го најдат својот фаворит.

Покрај уникатните колекции за дамите, овојпат ексклузивно во вашата нова омилена продавница ќе најдете и машка колекција Guess jeans на која знаеме дека момците долго чекаа.

„За Guess најважно е тоа што купувачите се на прво место, и секако тие мора да бидат задоволни од брендот. За пролет/лето '20, инспирацијата за Guess колекцијата доаѓа од ултра гламурозниот Беверли Хилс. Моделите се во пастелни тонови со изразена силуета, полни со енергија и разиграност. Кај мажите пак, боите се јаки, кроевите храбри со доза на ретро елементи и интересни принтови за свеж, младешки излгед. Повелете во нашата продавница да уживате во купувањето“, вели бренд менаџерот на Guess во земјава.

Колекцијата на брендот за сезоната пролет/лето 2020 чие заштитно лице е секогаш посебната Џенифер Лопез изобилува со неодоливи бои и модели кои се олицетворение на женственост и нескротлив стил.

Почнувајќи од класичните маички на куси ракави и џинсот како заштитни парчиња на брендот, дизајнерите преминуваат и на заводливи пролетни фустани и кошули кои дамите секогаш ги обожуваат, а истите ќе ги најдат во колекциите на Guess Jeans и Marciano.

За момците, дизајнерите на брендот подготвија парчиња во вибрантни пролетни нијанси, а во понудата ќе најдете уникатни маички на куси ракави изработени од совршени материјали за ова време од годината, но и фармерки и модни додатоци за тренди комбинации.

Одвојте време во деновите што следат и посетете ја продавницата на Guess во Скопје Сити Мол за која знаеме дека наскоро ќе стане вашето ново омилено место за шопинг, а токму таму ќе уживате и во попустот до 30% на селектирани парчиња.

Секако, не заборавајте и дека сите парчиња на брендот можете да ги најдете и на нашата онлајн продавница.

Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:



                                               

 

 

19.05.2020.
Trenutno nema komentara

Слични статии

18.
Sep.
2022.
БЛОГ
На денот на најголемиот настан во кој се вперени очите од сите страни на светот, погребот на кралицата Елизабета Втора, се потсетуваме зошто многумина ја нар...
16.
Sep.
2022.
БЛОГ
Ја отвораме новата сезона со најстилските парчиња што можете да си ги замислите, а ако на оваа прекрасна вест додадеме дека со секоја сметка добивате ваучер ...
13.
Sep.
2022.
БЛОГ
Иако секогаш омилената црвена нијанса и оваа сезона некако излезе на површина, сепак, кафените и крем бои од палетата се нешто на што едвај чекаме.