Барај
Fashion Group донираше апарат за брзи тестови за Ковид 19 на ИЈЗ
БЛОГ

Fashion Group донираше апарат за брзи тестови за Ковид 19 на ИЈЗ

Автоматизиран молекуларен RT-PCR апарат и тестови за детекција на корона вирусот, со кои за 30 минути ќе се добие резултат, е донацијата на Fashion Group како општествено одговорна компанија, за Институтот за јавно здравје.


 

„Голема благодарност до Fashion Group за оваа донација која ни беше потребна. Апаратот е со 4 независни модули, што значи дека наеднаш можат да се изработуваат 4 тестови, така што капацитетот за 24 часа е околу 168 тестови. Тестот е одобрен од FDA, а системот е патентиран. Тестот е со исклучително висока сензитивност и е наменет за брза детекција на коронавирусот. Времето за изработка е 30 минути за позитивен примерок, додека 45 минути за негативен. Предноста на овој тест е што постапката е целосно автоматизирана, манипулацијата со примерокот е сведена на минимум, со тоа е намален и ризикот од контаминација и вкрстена контаминација на примероците“ вели доцент д-р Шабан Мемети, директор на Институтот за јавно здравје.

Донацијата на Fashion Group е од особено значење за Институтот за јавно здравје за да може уште побрзо и навремено да ја извршува дијагностиката во време на пандемија, наменета во служба на граѓаните.

„Горди сме што како Групација придонесовме и обезбедивме апарат и тестови со брз резултат на Институтот за јавно здравје, кои ќе служат во борба со корона вирусот. Навистина е важна поддршката на институциите кои неуморно се во првата борбена линија со пандемијата. Групацијата Fashion Group како општествено одговорна компанија во изминатите 26 години постојано се грижи за своите граѓани и целокупната заедница“, истакна оперативниот директор на Fashion Group, Тони Јанковски.


 

Од компанијата додаваат дека тие постојано се грижат за општото здравје на нивните вработени и потрошувачи со спроведување на највисоки мерки на заштита согласно препораките на СЗО. Компaнијата Fashion Group продолжува со раст во својот домен, грижа кон општеството и со овој придонес сака дополнително да помогне во побрзо детектирање на вирусот, а со тоа и побрза лекарска интервенција, за заштита на сите граѓани во општеството.

20.05.2020.
Trenutno nema komentara

Слични статии

18.
Sep.
2022.
БЛОГ
На денот на најголемиот настан во кој се вперени очите од сите страни на светот, погребот на кралицата Елизабета Втора, се потсетуваме зошто многумина ја нар...
16.
Sep.
2022.
БЛОГ
Ја отвораме новата сезона со најстилските парчиња што можете да си ги замислите, а ако на оваа прекрасна вест додадеме дека со секоја сметка добивате ваучер ...
13.
Sep.
2022.
БЛОГ
Иако секогаш омилената црвена нијанса и оваа сезона некако излезе на површина, сепак, кафените и крем бои од палетата се нешто на што едвај чекаме.