Барај
Women’Secret костими за капење во кои веќе се замислуваме на плажа!
БЛОГ

Women’Secret костими за капење во кои веќе се замислуваме на плажа!

Иако поради целата ситуација, можеби и не размислувате за долг одмор на кој по цел ден ќе уживате во мирисот на морето и секогаш прекрасното сонце, но тоа не значи дека се е загубено.

Пред нас сепак е најубавата сезона во годината, а топлите денови секогаш можеме да ги поминеме на прекрасните излетнички места во нашата земја.

Прво нешто на што сега помисливте веројатно е пронаоѓањето на совршен костим за капење, па токму денес, ве запознаваме со најубавите модели за оваа сезона.

Брендот Women’Secret оваа сезона се инспирира од уникатните 70 – ти и за сите дами создава колекција наречена Retro Vibes во која смести модели направени од исклучителен материјал во неколку бои и принтови кои се олицетворение на летото.

Во неодоливата колекција секоја девојка ќе го најде својот фаворит, почнувајќи од едноделните костими за капење, па се до оние во два дела кои сезонава доаѓаат во неодоливи нијанси.

Покрај шармантните модели во уште поубави бои со кои ќе направите безброј комбинации за на плажа, во колекцијата дизајнерите сместија и пешкири, сламени чанти во неочекувани бои и секогаш, супер удобни папучи.

Знаеме дека нема да може да им одолеете и на лежерните фустани, здолништа и комбинезони создадени за долги летни прошетки, изработени од материјали во кои ќе се чувствувате поубаво од кога и да е.

Овој викенд е совршен за планирање на бегство од реалноста, а денов како создаден за шопинг на нов костим за капење.

Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:



                                    

12.06.2020.
Trenutno nema komentara

Слични статии

18.
Sep.
2022.
БЛОГ
На денот на најголемиот настан во кој се вперени очите од сите страни на светот, погребот на кралицата Елизабета Втора, се потсетуваме зошто многумина ја нар...
16.
Sep.
2022.
БЛОГ
Ја отвораме новата сезона со најстилските парчиња што можете да си ги замислите, а ако на оваа прекрасна вест додадеме дека со секоја сметка добивате ваучер ...
13.
Sep.
2022.
БЛОГ
Иако секогаш омилената црвена нијанса и оваа сезона некако излезе на површина, сепак, кафените и крем бои од палетата се нешто на што едвај чекаме.