Барај
Levi’s x Super Mario – колоритна колекција за сите носталгичари!
БЛОГ

Levi’s x Super Mario – колоритна колекција за сите носталгичари!

Веројатно веднаш штом погледнавте со кого последно соработуваше вашиот омилен бренд, се вративте во некои убави времиња кога омилена забава ни беше играта „Супер Марио“.

Токму ликот од оваа култна видео игра е во фокусот на последната соработка на Levi’s x Nintendo, колоритна колекција полна парчиња што ќе ги обожавате.

Секогаш позитивниот Супер Марио изгледа навистина неодоливо пресликан на ултра памучните блузи на куси ракави од брендот, но и на блузоните како едни од омилените парчиња во свежите пролетни вечери.

Ако ви недостасуваше малку боја во секојдневието, маичките на куси ракави од Levi’s со овој секогаш расположен лик се совршени за комбинирање во секојдневните стајлинзи.

Дел од колекцијата се и машки и женски папучи кои се како создадени за топлите денови кои допрва доаѓаат, а со оглед на големата популарност на играта, воопшто не беше чуден огромниот интерес за колекцијата.

Погледнете ги парчињата и нарачајте си едно уште веднаш, за шик изглед во сите позитивни денови што доаѓаат!

Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:



                                                   

 

19.06.2020.
Trenutno nema komentara

Слични статии

18.
Sep.
2022.
БЛОГ
На денот на најголемиот настан во кој се вперени очите од сите страни на светот, погребот на кралицата Елизабета Втора, се потсетуваме зошто многумина ја нар...
16.
Sep.
2022.
БЛОГ
Ја отвораме новата сезона со најстилските парчиња што можете да си ги замислите, а ако на оваа прекрасна вест додадеме дека со секоја сметка добивате ваучер ...
13.
Sep.
2022.
БЛОГ
Иако секогаш омилената црвена нијанса и оваа сезона некако излезе на површина, сепак, кафените и крем бои од палетата се нешто на што едвај чекаме.