Барај
Единствените модели со пуфкасти ракави што ви се потребни летово!
БЛОГ

Единствените модели со пуфкасти ракави што ви се потребни летово!

Веројатно и вие сте од оние девојки кои останаа „маѓепсани“ од шармантниот изглед на безбројните парчиња со „пуфкасти“ ракави што во топлите денови се вистински класик.

Девојките ги обожаваат поради многу причини, меѓу кои и нивниот романтичен изглед, како и можноста да ги носите на разни пригоди.

Стилските девојки ширум светот ги носат во сите варијанти – во вид на фустани од органза со масивни ракави, како шармантни кошулки со копчиња и уште повпечатливи рамена, или пак како едноставни бели маички со деликатни моменти во горниот дел.

Доколку на ваквите парчиња со истакнати ракави им додадете и карнер плус, тогаш имате комбинација вредна за безброј фотографии за на Инстаграм.

За да ви ја олесниме потрагата по ваквите парчиња, денеска ве запознаваме со најубавите модели од нашите брендови.

Во нашата листа ќе најдете неодоливи фустани во прекрасни летни нијанси, но и кошулки кои се совршени во комбинација со џинс со висок струк.

Навидум едноставната комбинација направете ја уште постилска со бели патики или сандали со ремчиња за шик ден на работа или пак со високи потпетици за некоја посебна пригода.

Секако, не смеете да заборавите ниту на накитот кој е од исклучителна важност во секоја комбинација, а ова лето сите обожаваат златни нијанси!

*Кралицата Летиција е една од најголемите обожавателки на брендот Манго. Облечена во комбинезон со еден од омилените принтови летово, кралицата со сопругот Фелипе на турнеја низ Шпанија 

Посетете ги нашите продавници или направете си онлајн нарачка за плус стилско парче во вашиот плакар.

Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:



                                                 

14.07.2020.
Trenutno nema komentara

Слични статии

18.
Sep.
2022.
БЛОГ
На денот на најголемиот настан во кој се вперени очите од сите страни на светот, погребот на кралицата Елизабета Втора, се потсетуваме зошто многумина ја нар...
16.
Sep.
2022.
БЛОГ
Ја отвораме новата сезона со најстилските парчиња што можете да си ги замислите, а ако на оваа прекрасна вест додадеме дека со секоја сметка добивате ваучер ...
13.
Sep.
2022.
БЛОГ
Иако секогаш омилената црвена нијанса и оваа сезона некако излезе на површина, сепак, кафените и крем бои од палетата се нешто на што едвај чекаме.