Барај
Try something NEW!
БЛОГ

Try something NEW!

Можеби овие денови временските услови потсетуваат повеќе на рана есен и летните активности барем оваа недела ќе ги ставиме на пауза, совршен тајминг е за одличен шопинг на новите производи кои се достапни во нашите продавници и online shop.

Никогаш не е рано за да ја пронајдете јакната која ќе биде вашето омилено модно парче во сезоната која следи. Кога помислуваме на есента прва асоцијација секогаш е тренч мантилот. Неизбежено парче во гардероберот на секоја дама со децении наназад па така и оваа сезона.

Веруваме дека Mango девојките нема да останат рамнодушни на белите парчиња кои ќе  го освежат гардероберот во комбинација со накитот во златни нијанси, тренд кој е еден од најзастапените кај девојките во текот на летото.

Дали ја одбравте својата омилена “мини” чанта?

Доколку не без сомнеж сега е вистински момент за тоа. Големата палета на бои ви нуди огромен избор за уникатни комбинации.

Црната боја е прва асоцијација за модните класици. Обувките од Parfois одлично ќе се вклопат со  чантите од Replay во бесконечно многу комбинации.

Лесните ткаенини и тропските принтови повторно се едни од најзастапените во колекцијата на Women’secret. Доколку овие дождливи денови планирате да ги поминете во удобноста на вашиот дом со омилениот филм или серија, совршениот аутфит ќе го пронајдете токму тука.

Секако вашите најмили го заслужуваат најдоброто па така и овој пат можете да пронајдете голем избор на уникатни модели од Okaidi изработени од природни материјали кои ќе ги направат деновите поудобни и повесели.

Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:



                                            

05.08.2020.
Trenutno nema komentara

Слични статии

18.
Sep.
2022.
БЛОГ
На денот на најголемиот настан во кој се вперени очите од сите страни на светот, погребот на кралицата Елизабета Втора, се потсетуваме зошто многумина ја нар...
16.
Sep.
2022.
БЛОГ
Ја отвораме новата сезона со најстилските парчиња што можете да си ги замислите, а ако на оваа прекрасна вест додадеме дека со секоја сметка добивате ваучер ...
13.
Sep.
2022.
БЛОГ
Иако секогаш омилената црвена нијанса и оваа сезона некако излезе на површина, сепак, кафените и крем бои од палетата се нешто на што едвај чекаме.