Барај
Сите нови парчиња што ќе ги обожаваме есенва!
БЛОГ

Сите нови парчиња што ќе ги обожаваме есенва!

 

Иако ова лето дефинитивно беше сосема поинакво од сите останати на кои се сеќаваме, тоа не значи дека наредните нема да бидат најубавите што сме ги доживеале.

Но, она на што следно се радуваме е студената есенска сезона која секогаш носи една неодолива лежерност со себе и не инспирира за нови авантури.

За сите нови есенски денови на кои допрва ќе им се радуваме, нашите брендови веќе подготвија исклучително стилски колекции полни кул и уникатни парчиња кои знаеме дека ќе ги обожавате.

И додека уживаме во последните недели од летото, време е да подготвиме шик комбинации и заедно да ги разгледаме трендовите од кои девојките ширум светот веќе се инспирираа.

Постои нешто што не се менува ниту една есен на која се сеќаваме, а тоа се неодоливите земјени тонови во кои стилските парчиња се обоени и оваа сезона.

Од она што ни го најавија првите колекции, кошула – фустаните на долги ракави во комбинација со стилски чизми и кардиган е нешто што секојдневно ќе го гледаме низ улиците.

Подеднакво привлечни се и фармерките во светли нијанси во друштво на лелеави кошули со ултра впечатлив принт, како и нежните и меки џемпери кои секогаш ни се најдобри сојузници во текот на студените месеци.

Посебен акцент оваа есен е ставен на внимателно одбраните модели на чанти, а доколку мислевте дека сламените се омилени само во летото, оваа есен девојките донесоа поинаква одлука.

Тексас кошулите и маичките на куси ракави се нешто на што момците секогаш му се враќаат во првите есенски денови, а инвестицијата во добри чизми и удобни патики секогаш е добредојдена.

Денеска се фокусираме на неколку парчиња од нашите нови колекции кои мора да ги имате во плакарот, а дополнително им се радуваме на сите парчиња со кои допрва ќе се запознаеме.

Она што е од исклучителна важност е тоа дека не станува збор за парчиња што ќе бидат инста тренд, туку вистински есенски класици што ќе се задржат во вашиот плакар.

Можностите за комбинирање се безбројни, а петок е совршен ден да ги одберете парчињата со кои ќе ја одбележиме претстојната есен и ќе ја направите повозбудлива од кога и да е!

 

Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:



                                                 

 

 

 

14.08.2020.
Trenutno nema komentara

Слични статии

18.
Sep.
2022.
БЛОГ
На денот на најголемиот настан во кој се вперени очите од сите страни на светот, погребот на кралицата Елизабета Втора, се потсетуваме зошто многумина ја нар...
16.
Sep.
2022.
БЛОГ
Ја отвораме новата сезона со најстилските парчиња што можете да си ги замислите, а ако на оваа прекрасна вест додадеме дека со секоја сметка добивате ваучер ...
13.
Sep.
2022.
БЛОГ
Иако секогаш омилената црвена нијанса и оваа сезона некако излезе на површина, сепак, кафените и крем бои од палетата се нешто на што едвај чекаме.