Барај
Есенски модни трендови кои се тука да останат!
БЛОГ

Есенски модни трендови кои се тука да останат!

Колку и да ви се чини неверојатно, мора да признаеме дека студената сезона доаѓа побрзо одошто очекувавме, па можеби сега е време полека да се подготвуваме истата да ја дочекаме со стил.

Не постои нешто повозбудливо од нова сезона во модата која со себе речиси секогаш носи нови трендови кои момците и девојките ги обожаваат се до следната.

Овојпат, се чини дека голем број од трендовите се враќаат од минатото, а дел од нив се вистински класици кои се тука да останат.

Новите колекции на нашите брендови се полни токму со такви парчиња, почнувајќи од шик кардигани кои се на пиедестал оваа сезона, па се до кожени панталони, карирани кошулки, топли јакни и секогаш – исклучително добри чизми.

Со самото тоа што поради корона кризата целосно се промени ситуацијата и во модата, повеќето се насочија кон купување на безвременски парчиња кои оваа сезона впрочем се и на сите листи на модни трендови.

Ние направивме ексклузивна колекција со парчиња кои се тука да останат и за кои сметаме дека се неверојатно добра инвестиција бидејќи ќе си го најдат своето место во секоја студена сезона што доаѓа.

Доколку се уште не направивте список со есенски парчиња што сакате да ги имате во плакарот, ние денеска ќе ви ја олесниме потрагата со нашите предлози внимателно одбрани само за вас.

Овој први септември е совршен ден за нови почетоци за кои секогаш треба добра комбинација!

Парчињата од нашите нови колекции можете да ги нарачате онлајн или да ги посетите нашите продавници.

 

Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:



                                                   

01.09.2020.
Trenutno nema komentara

Слични статии

18.
Sep.
2022.
БЛОГ
На денот на најголемиот настан во кој се вперени очите од сите страни на светот, погребот на кралицата Елизабета Втора, се потсетуваме зошто многумина ја нар...
16.
Sep.
2022.
БЛОГ
Ја отвораме новата сезона со најстилските парчиња што можете да си ги замислите, а ако на оваа прекрасна вест додадеме дека со секоја сметка добивате ваучер ...
13.
Sep.
2022.
БЛОГ
Иако секогаш омилената црвена нијанса и оваа сезона некако излезе на површина, сепак, кафените и крем бои од палетата се нешто на што едвај чекаме.