Барај
Кејт Бланшет во непогрешлива црно – бела комбинација на Венецискиот фестивал
БЛОГ

Кејт Бланшет во непогрешлива црно – бела комбинација на Венецискиот фестивал

 

Веројатно и вие ќе признаете дека кога и да сакате да оставите посебен впечаток на некој значаен настан или пак на состанокот што толку долго го чекавте, одбирате црно – бели комбинации!

Секогаш сигурни и неверојатно елегантни, комбинациите во овие две бои се нешто со што нема да погрешите, а дополнително, со внимателно одбраните модни додатоци, само ќе ги „зачините“.

Дека ова е и повеќе од точно, докажа единствената Кејт Бланшет која иако под маска, зрачеше со нејзината неповторлива енергија и стил на отворањето на Венецискиот филмски фестивал.

Фото: Profimedia

Облечена во широки бели панталони и кошула во иста нијанса, дополнително истакната со елегантно црно палто само го потврди нејзиниот статус на модна икона.

Сосема совршена за улогата на претседател на жирито на фестивалот, таа пристигна со мала придружба, со оглед на тоа што оваа година поради пандемијата, посетителите и учесниците се сведени на минимум.

Дека лежерната фризура е една од нејзините омилени докажа и овој пат, појавувајќи се со минималистичка „растурена“ пунџа во долниот дел, природен изглед на лицето и стилски очила за сонце.

Во однос на накитот, следствено на модните трендови за оваа сезона, прекрасната актерка одбра алка и прстен во златна нијанса кои изгледаа супер луксузно во комбинација со црно – белиот стајлинг.

Бидејќи знаевме дека и вие подеднакво ќе се воодушевите од нејзиниот изглед, подготвивме две комбинации кои неодоливо потсетуваат на нејзината, а токму овие парчиња кои воедно се вистински класици можете да ги нарачате онлајн на следните линкови, но и во нашите продавници.

Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:



                                                 

 

02.09.2020.
Trenutno nema komentara

Слични статии

18.
Sep.
2022.
БЛОГ
На денот на најголемиот настан во кој се вперени очите од сите страни на светот, погребот на кралицата Елизабета Втора, се потсетуваме зошто многумина ја нар...
16.
Sep.
2022.
БЛОГ
Ја отвораме новата сезона со најстилските парчиња што можете да си ги замислите, а ако на оваа прекрасна вест додадеме дека со секоја сметка добивате ваучер ...
13.
Sep.
2022.
БЛОГ
Иако секогаш омилената црвена нијанса и оваа сезона некако излезе на површина, сепак, кафените и крем бои од палетата се нешто на што едвај чекаме.