Барај
Носиме целосна деним комбинација по примерот на Џеј Ло!
БЛОГ

Носиме целосна деним комбинација по примерот на Џеј Ло!

 

Иако многумина ќе кажат дека комбинацијата на две или повеќе деним парчиња знае да биде комплицирана, за Џенифер Лопез тоа не претставува проблем.

Таа се појави со нејзиниот вереник Алекс Родригез на вечера во познат ресторан на Менхетен облечена во целосна тексас комбинација во која изгледа совршено како и секогаш.

Стајлингот беше составен од тесни фармерки кои и прилегаа неверојатно, тексас корсет надополнет со јакна од истиот материјал, дополнително истакнат со сандали на висока потпетица и чанта во слична нијанса.

За да бидете вистински професионалец кога станува збор за комбинирање на парчиња од истиот материјал, во случајов тексас, ние ви подготвивме три шик комбинации за кои сме сигурни дека ќе ги обожавате.

Постојат неколку правила до кои треба да се придржувате кога говориме за вакви комбинации, а за да бидете ултра стилски и никогаш да не погрешите во изборот, денеска ве потсетуваме на дел од нив.

 

1.Задолжително внимавајте да не погрешите при комбинација на нијансите

Обидете се нијансите на тексас да ви бидат исти или барем приближни за целосно шик изглед.

2.Комбинацијата не ја дополнувајте со модни додатоци од тексас

Бидејќи лесно може да погрешите, тексас комбинацијата дополнете ја со модни додатоци во златна или сребрена нијанса, но никако тексас.

3.Збогатете го стајлингот со „искинати“ детали

За комбинацијата да не е здодевна, фармерките или тексас јакната нека бидат со интересни детали како „искинати“ парчиња или пак некој друг детал.

4.Заборавете на моменти од „Дивиот запад“

За да изгледате тренди и впечатливо, заборавете на детали со потпис на „Дивиот запад“ како ремени со тока во предниот дел или пак додатоци како чизми и шапки.

5.Истакнете ја комбинацијата со стилски чевли

Доколку времето е соодветно за тоа, бидете професионалец како Џенифер и комбинацијата надополнете ја со шик сандали или впечатливи чевли.

Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:



                              

09.09.2020.
Trenutno nema komentara

Слични статии

18.
Sep.
2022.
БЛОГ
На денот на најголемиот настан во кој се вперени очите од сите страни на светот, погребот на кралицата Елизабета Втора, се потсетуваме зошто многумина ја нар...
16.
Sep.
2022.
БЛОГ
Ја отвораме новата сезона со најстилските парчиња што можете да си ги замислите, а ако на оваа прекрасна вест додадеме дека со секоја сметка добивате ваучер ...
13.
Sep.
2022.
БЛОГ
Иако секогаш омилената црвена нијанса и оваа сезона некако излезе на површина, сепак, кафените и крем бои од палетата се нешто на што едвај чекаме.