Барај
Да ја започнеме есента со стилски парчиња на супер попуст!
БЛОГ

Да ја започнеме есента со стилски парчиња на супер попуст!

Од денеска и официјално можеме да кажеме дека конечно дојде најубавото годишно време кога се дозволени сите слоевити комбинации и експериментирањето кај истите е и повеќе од посакувано.

Сега е вистинско време да ја завршиме летната сезона во стил, а доколку пак омилените парчиња со кои со самодоверба ќе ја отпочнеме есента се на супер попуст, тогаш задоволството е уште поголемо.

Првите есенски денови се совршена прилика да си набавите шик производи за разубавување на вашите комбинации, но и да го искористите последниот попуст за сите оние летни парчиња кои толку ги посакувавте.

Она што е прекрасно кај летните парчиња на попуст е тоа што можете да ги искористите на бројни начини, почнувајќи од правење на слоевити комбинации на кои ќе додадете стилско палто или јакна за есенските денови, или пак како сосема самостојни во следната топла сезона.

Омиленото парче за момците во овој период од годината е кошулата на долги ракави во безброј варијанти, а супер стилски модели ќе најдете во последните залихи од нашиот попуст.

Иако утрата се свежи, поло маичките на куси ракави се уште се на пиедестал, а доколку истите ги комбинирате со тенка јакна препознатлива за оваа сезона, тогаш имате совршена есенска комбинација.

Истото се однесува и за дамите, кои секогаш бираат повпечатливи комбинации за на работа, па така кожениот фустан или комбинезонот на долги ракави се сосема соодветни за првите есенски денови.

Откако се збогувавме со летото и направивме супер шопинг на попуст, сега е вистинско време да ги видите новите парчиња од нашите брендови во кои знаеме дека ќе посакате да ја поминете цела студена сезона!

Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:



                                                 

 

22.09.2020.
Trenutno nema komentara

Слични статии

18.
Sep.
2022.
БЛОГ
На денот на најголемиот настан во кој се вперени очите од сите страни на светот, погребот на кралицата Елизабета Втора, се потсетуваме зошто многумина ја нар...
16.
Sep.
2022.
БЛОГ
Ја отвораме новата сезона со најстилските парчиња што можете да си ги замислите, а ако на оваа прекрасна вест додадеме дека со секоја сметка добивате ваучер ...
13.
Sep.
2022.
БЛОГ
Иако секогаш омилената црвена нијанса и оваа сезона некако излезе на површина, сепак, кафените и крем бои од палетата се нешто на што едвај чекаме.