Барај
Познатата водителка ја носи омилената кошула сезонава, нарачајте ја уште денес!
БЛОГ

Познатата водителка ја носи омилената кошула сезонава, нарачајте ја уште денес!

 

Речиси секоја сезона се појавува по едно парче што ги освојува девојките, а оваа година честа и припадна на навидум едноставната бела кошула, но со многу фини детали.

Доколку сте од оние што обожаваат да ги следат трендовите, веројатно знаете дека јаката е еден од омилените детали на трендсетерките оваа прекрасна есен, сосема соодветно на магијата која со себе ја носи.

Толку романтична и нежна, токму јаката може целосно да го промени изгледот на едноставната бела или црна кошулка, давајќи и сосема поинаков, целосно ретро призвук.

Девојките ја носат со кусо здолниште со висок струк, со широки фармерки или пак за целосно младешки изглед, со тексас комбинезон и впечатливи чизми.

На ова парче не остана рамнодушна ниту прекрасната британска водителка Холи Вилоби која за нејзиното ултра популарно утринско шоу ја комбинираше токму белата кошула од Манго.

Таа е една од најпознатите водителки во Британија која секојдневно привлекува огромно внимание со нејзините стилски комбинации, па поради тоа, голем дел од брендовите обожуваат да ја облекуваат.

Конкретно, последната комбинација во која таа се појави привлече исклучително внимание поради одличниот начин на кој нејзината стилистка направила навидум „училишната“ униформа да изгледа тотално шик, дури и со Mary Jane чевли.

Доколку и вие се вљубивте во оваа кошулка како и ние, нарачајте ја уште денес или посетете ги продавниците на Манго, бидејќи истата е една од најпосакуваните оваа сезона.

Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:



                                               

30.09.2020.
Trenutno nema komentara

Слични статии

18.
Sep.
2022.
БЛОГ
На денот на најголемиот настан во кој се вперени очите од сите страни на светот, погребот на кралицата Елизабета Втора, се потсетуваме зошто многумина ја нар...
16.
Sep.
2022.
БЛОГ
Ја отвораме новата сезона со најстилските парчиња што можете да си ги замислите, а ако на оваа прекрасна вест додадеме дека со секоја сметка добивате ваучер ...
13.
Sep.
2022.
БЛОГ
Иако секогаш омилената црвена нијанса и оваа сезона некако излезе на површина, сепак, кафените и крем бои од палетата се нешто на што едвај чекаме.