Барај
Како Џенифер Лопез ги носи Timberland чизмите оваа сезона?
БЛОГ

Како Џенифер Лопез ги носи Timberland чизмите оваа сезона?

 

Веројатно не постои поголема ѕвезда од Џенифер Лопез, па следствено на тоа, речиси сите светски брендови се радуваат на соработката со неа.

Меѓу нејзините омилени, години наназад е и брендот Timberland познат по неприкосновените модели на чизми кои таа секогаш ужива да ги носи.

Последно, прекрасната 51 годишна пејачка се појави во стилска есенска комбинација составена од шик памучни тренерки во крем нијанса, надополнети со чизми од последната соработка на Timberland со луксузниот бренд Jimmy Choo.

Станува збор за неодолива преобразба на најпродаваниот модел чизми на Timberland во соработка со познатиот дизајнер, дополнително украсени со луксузни Сваровски кристали.

Иако колекцијата беше објавена на почетокот на минатиот месец, за многу кратко време стана една од најбараните соодветно на сезоната, а токму овие чизми можевме да ги видиме во есенските комбинации на некои од најпопуларните дами.

Дека пејачката е голем обожавател на брендот докажуваат и нејзините стајлинзи од изминатите студени сезони, во кои задолжително ги вметнуваше популарните чизми.

Денеска се потсетуваме на некои од нејзините безвременски стајлинзи, а доколку вие се уште се двоумите за тоа кои чизми треба да ја одбележат сезоната, денеска ви помагаме во одлуката.

 

 

Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:



                                                 

 

02.10.2020.
Trenutno nema komentara

Слични статии

18.
Sep.
2022.
БЛОГ
На денот на најголемиот настан во кој се вперени очите од сите страни на светот, погребот на кралицата Елизабета Втора, се потсетуваме зошто многумина ја нар...
16.
Sep.
2022.
БЛОГ
Ја отвораме новата сезона со најстилските парчиња што можете да си ги замислите, а ако на оваа прекрасна вест додадеме дека со секоја сметка добивате ваучер ...
13.
Sep.
2022.
БЛОГ
Иако секогаш омилената црвена нијанса и оваа сезона некако излезе на површина, сепак, кафените и крем бои од палетата се нешто на што едвај чекаме.