Барај
Петар Рашиќ: Се чувствувам како „Алиса во земјата на чудата“
БЛОГ

Петар Рашиќ: Се чувствувам како „Алиса во земјата на чудата“

 

Подготовките на кампањата за новата сезона со себе секогаш носат голем број предизвици на кои мора позитивно да се одговори за истата да биде исклучително успешна.

Од неверојатна важност во овој дел е и изборот на модели кои покрај тоа што треба да бидат впечатливи, потребно е да се вистински професионалци за сериозен успех на самата кампања.

Сезонава, имавме среќа да работиме со модели кои имале чест да бидат дел од кампањи на светски познати брендови, меѓу кои и омилените, Долче и Габана.

Младиот и секогаш позитивен Петар Рашиќ без двоумење беше нашиот избор за оваа сезона, а дека не погрешивме докажуваат и фотографиите на кои тој на совршен начин ги прикажа парчињата од новите колекции на нашите брендови.

Како и неговиот изглед, приказната на Петар за почетоците во модниот свет е исклучително интересна, а истата на моменти наликува на сцена од некоја американска серија.

Имено, сосема неочекувано, тој се пријавил на изборот за крал на матурата во неговото средно училиште, каде очигледно ги надминал очекувањата, по што следеле безброј фотографии кои ја привлекле познатата модна агенција FOX со која денеска Петар има потпишано договор.

„Од тој момент можам да кажам дека се промени буквално се, животот за кој дотогаш знаев, повеќе не беше ист, почнав да живеам сосема поинаку, што би се рекло, како „модел“. Иако имав некоја претстава како тоа изгледа, да го живееш тоа вистинско е нешто сосема поинаку. Имаше моменти кога се чувствував како „Алиса во земјата на чудата““, вели Петар во интервјуто за Fashion Group.

Покрај ревиите за светски познати брендови, Петар имаше можност да биде дел од шоуто на Долче и Габана, нешто што за многу модели е врв во кариерата. На прашањето дали ова беше врвот за него, Петар вели:

„Искрено, мислам дека во се што правиме, треба да тежнееме кон нешто подобро. За мене не постои врв, стандардите постојано се поместуваат. Се зависи од тоа од кој агол гледаме“.

За време на снимањето на кампањата за нашата нова сезона, Петар уште еднаш докажа дека модниот свет го обожава поради неговата екстремно позитивна енергија и вибрации со кои зрачи. За тоа како помина снимањето на истата и како му се допаднаа избраните локации, тој вели:

„Можам да кажам дека ова беше едно фантастично искуство. Целиот тим, организацијата и одбраните локации ме оставија без зборови. Никогаш не сум ја запознал Македонија како што ја запознав на ова снимање. Морам да се вратам повторно бидејќи остана уште многу“.

Накратко, со Петар разговаравме и за тоа кои се трендовите во кои вреди да се вложи оваа сезона, на што тој ни посочи дека токму студената е неговата омилена сезона.

„Панталони, џемпери, јакни...Ја сакам онаа сезона кога можам да носам ролка со капут. Но, сепак, џемпери и панталони е мојата омилена комбинација за сезонава“, вели Петар.

За време на снимањето, не можевме, а да не забележиме дека Петар е сериозен вљубеник во Италија и нејзината кујна, сосема очекувано, бидејќи најголем дел од модните ангажмани му се токму таму. На прашањето што е она што го расположува кога говориме за храна, Петар вели:

„Ја обожавам италијанската кујна, секако, со чаша црвено вино покрај оброкот. Тешко ми е да издвојам едно јадење, бидејќи буквално сите специјалитети таму се навистина посебни“.

Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:



                                             

08.10.2020.
Trenutno nema komentara

Слични статии

18.
Sep.
2022.
БЛОГ
На денот на најголемиот настан во кој се вперени очите од сите страни на светот, погребот на кралицата Елизабета Втора, се потсетуваме зошто многумина ја нар...
16.
Sep.
2022.
БЛОГ
Ја отвораме новата сезона со најстилските парчиња што можете да си ги замислите, а ако на оваа прекрасна вест додадеме дека со секоја сметка добивате ваучер ...
13.
Sep.
2022.
БЛОГ
Иако секогаш омилената црвена нијанса и оваа сезона некако излезе на површина, сепак, кафените и крем бои од палетата се нешто на што едвај чекаме.