Барај
Кралицата Летиција во есенски парчиња од Манго – купете ги веднаш!
БЛОГ

Кралицата Летиција во есенски парчиња од Манго – купете ги веднаш!

 

Веројатно не постои човек кој не знае дека кралицата Летиција е ултимативен пример за жена со стил, а особено е позната по тоа што секогаш одбира парчиња од брендовите од нејзината родна земја – Шпанија.

Така беше и овојпат кога заедно со сопругот, кралот Филипе и нивните две ќерки се појави на една церемонија во селото Сомао и повторно, изгледаше беспрекорно.

За пригодата, Летиција одбра панталони и чевли од познатиот high street бренд Манго и еден од нејзините омилени, а совршената есенска комбинација ја надополни со впечатлив мантил од Hugo Boss.

Токму сега е вистинското време во сите ваши есенски комбинации да ги вметнете овие мокасини со кои можете да направите безброј стајлинзи додека временските услови ни го дозволуваат тоа.

Кралицата Летиција не потсети и дека не постои подобро парче од суптилно карираните панталони за сите наши деловни комбинации, а ние денеска ви нудиме голем избор од истите.

Истите се обожувани од многу стилски дами со оглед на тоа што се лесни за комбинирање, а секогаш изгледаат толку шик. Без разлика дали ќе ги надополните со бела кошула и шик долг елек или пак палто во ист принт или сосема едноставно, класичен џемпер, имате комбинација вредна за секој состанок.

И оваа сезона нашите брендови понудија исклучителен избор на есенски парчиња, меѓу кои и омилените на Летиција, па доколку се уште не сте го нашле совршениот чифт панталони, мантил и мокасини, денеска е прекрасен сончев ден за тоа.

Се чини дека стилот од нивната мајка го наследија прекрасните Софија и Леонор кои на сите јавни појавувања, изгледаат навистина преслатко.

Овојпат, свој говор имаше малата Леонор која уште еднаш покажа дека е вљубена во популарните шпански брендови, па за пригодата одбра шик капутче од Спрингфилд кое можете да го нарачате на следниов линк.

Уживајте во есента која секогаш нуди голем број можности за слоевити комбинации, а вашите нови омилени парчиња со кои ќе ја обоите истата, ги имате на следниов линк.

Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:



                                             

20.10.2020.
Trenutno nema komentara

Слични статии

18.
Sep.
2022.
БЛОГ
На денот на најголемиот настан во кој се вперени очите од сите страни на светот, погребот на кралицата Елизабета Втора, се потсетуваме зошто многумина ја нар...
16.
Sep.
2022.
БЛОГ
Ја отвораме новата сезона со најстилските парчиња што можете да си ги замислите, а ако на оваа прекрасна вест додадеме дека со секоја сметка добивате ваучер ...
13.
Sep.
2022.
БЛОГ
Иако секогаш омилената црвена нијанса и оваа сезона некако излезе на површина, сепак, кафените и крем бои од палетата се нешто на што едвај чекаме.