Барај
Релаксирајте се во најудобните парчиња од нашата „Homewear“ колекција
БЛОГ

Релаксирајте се во најудобните парчиња од нашата „Homewear“ колекција

 

Не постои ништо поубаво на светот од удобна облека во која ќе посакате да го поминете секој еден миг. Оваа година, можеби повеќе од секоја друга, не натера сосема поинаку да гледаме на облеката и да ги одбираме оние парчиња во кои пред се, се чувствуваме пријатно.

Ова го докажува и фактот што за огромен процент се зголеми продажбата токму на удобната облека изминатава година, за разлика од трендовските парчиња во кои уживавме претходните.

За да ви ја олесниме потрагата по совршените парчиња за уживање во домот, подготвивме колекција наречена „Homewear“ во која сместивме ултра удобни парчиња од нашите брендови во кои ќе посакате да го поминете секој викенд, но и слободните мигови со семејството.

Почнувајќи од удобни пижами изработени од најфини материјали, па се до луксузна долна облека во која ќе се чувствувате ултра секси, сите парчиња се внимателно одбрани да одговорат на вашиот исклучителен вкус.

Познатите брендови се согласуваат со тоа дека оваа година како никогаш досега уживаме во удобноста на домот како одговор на светската пандемија, но многумина ги извршуваат своите работни обврски од дома, па секогаш треба некое парче плус што е еднакво на уживање.

Без двоумење поминете ги деновите во неверојатно меките пижами на Women’secret или пак Springfield кои оваа година имаат едноставно неодоливи колекции, а уште поважно, парчиња со потпис на некои од вашите омилени ликови меѓу кои и секогаш мистичниот Хари Потер.

Многумина ќе кажат дека облеката е одраз на тоа како се чувствувате, па можеби конечно дојде време да се свртиме кон себеси и на прво место да ја ставиме удобноста и уживање во малите нешта во пријатни парчиња, зарем не?

Токму промената на животниот стил ги натера брендовите да се ориентираат кон создавање на удобни колекции, а доколку вашата колекција на долна облека, пижами, наметки или папучи не е обновена, овој продолжен викенд е како создаден за онлајн нарачка за која подоцна ќе ни се заблагодарите!

Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:



                                               

 

27.10.2020.
Trenutno nema komentara

Слични статии

18.
Sep.
2022.
БЛОГ
На денот на најголемиот настан во кој се вперени очите од сите страни на светот, погребот на кралицата Елизабета Втора, се потсетуваме зошто многумина ја нар...
16.
Sep.
2022.
БЛОГ
Ја отвораме новата сезона со најстилските парчиња што можете да си ги замислите, а ако на оваа прекрасна вест додадеме дека со секоја сметка добивате ваучер ...
13.
Sep.
2022.
БЛОГ
Иако секогаш омилената црвена нијанса и оваа сезона некако излезе на површина, сепак, кафените и крем бои од палетата се нешто на што едвај чекаме.