Барај
The Queen’s Gambit: Настрана трендовите, понекогаш е добро да се држиме до класиците
БЛОГ

The Queen’s Gambit: Настрана трендовите, понекогаш е добро да се држиме до класиците

 

 

Ако сте фан на Нетфликс и барате причина за разонода и оттргнување на мислите од секојдневието, тогаш сигурно ја погледнавте новата серија едноставно наречена The Queen’s Gambit.

Истата ја раскажува приказната за Бет Хармон (Ања Тејлор - Џој) која поради склоп на околности останува без мајка, па смислата на животот ја наоѓа во играта на која не и го знае ниту името, во домот за деца без родители.

Серијата е всушност исклучителна од повеќе причини – истата и оддава почит на една од најстарите и најинтелектуалните игри во светот - шахот, актерите се и повеќе од неверојатни, сведок сте на една убава приказна за тоа како секој сам си ја крои судбината и последно, но не помалку важно, уште еднаш се докажува дека модата од 60 – тите е совршена!

Настрана сите трендови, кои мора да признаеме, понекогаш ги обожаваме, постојат некои парчиња чие време како да застанало, парчиња кои со право се нарекуваат модни класици.

Токму такви, со потпис на некои од најлуксузните брендови од високата мода, беа прикажани низ седумте епизоди на фасцинантната серија, толку едноставни, но сепак прекрасни парчиња.

Покрај совршениот ум, Бет Хармон точно знаеше што сака кога е модата во прашање, па така, секогаш одбираше елегантни парчиња, дури и во оние моменти кога играше за разонода.

Дека класиците се тука за да останат, покажуваат парчињата како карираниот фустан комбиниран со бела кошула што секогаш е добитна комбинација, подеднакво привлечна како онаа со едноставната црна ролка и здолниште во А – крој со иста нијанса.

За тоа колку облеката и изборот на бои и модели говори за човекот, доказ се токму комбинациите на Бет Хармон кои секогаш раскажуваа посебна приказна, иако можеби не го забележавте тоа.

Дизајнерката на костимите за серијата, Габриел Бајндер посочува дека дотолку внимавале на деталите, што почетокот и крајот на серијата ги означува бојата на фустаните што Бет ги носи – првиот создаден од нејзината мајка за да ја памти засекогаш, последниот, со мирис на победа, претставувајќи го нејзиниот успех врз светскиот шампион Васили Боргов.

Настрана шарматната приказна, серијата не потсетува и на тоа од колку големо значење била модата од 60 – тите која и денеска дамите ја обожуваат. Подеднакво важна е и пораката дека секоја дама треба да го најде својот стил и точно да знае што сака и што и прилега.

Овој четврток, го посветуваме на класиците, па токму такви парчиња одбравме за да ве потсетиме на нивната важност. Студениот четврток секогаш е совршен за онлајн нарачка!

Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:



                                                 

12.11.2020.
Trenutno nema komentara

Слични статии

18.
Sep.
2022.
БЛОГ
На денот на најголемиот настан во кој се вперени очите од сите страни на светот, погребот на кралицата Елизабета Втора, се потсетуваме зошто многумина ја нар...
16.
Sep.
2022.
БЛОГ
Ја отвораме новата сезона со најстилските парчиња што можете да си ги замислите, а ако на оваа прекрасна вест додадеме дека со секоја сметка добивате ваучер ...
13.
Sep.
2022.
БЛОГ
Иако секогаш омилената црвена нијанса и оваа сезона некако излезе на површина, сепак, кафените и крем бои од палетата се нешто на што едвај чекаме.