Барај
Пет шик комбинации за стилска недела
БЛОГ

Пет шик комбинации за стилска недела

 

 

Почетокот на неделата секогаш знае да биде тежок, особено ако не знаете какви обврски ќе ви донесе истата.

Ние сме секогаш тука за да ви помогнеме во изборот на стилски парчиња со кои ќе го одбележите секој ден од неделата, без разлика дали се работи за некој состанок во или надвор од канцеларија или едноставно, прошетка со пријателките.

Ако сте од оние кои секогаш сакаат да изгледаат средено без да потрошат многу време, тогаш имајте на ум дека црно – белите комбинации секогаш се избор број еден и со истите, никогаш нема да погрешите.

Чанта: Parfois, Блуза: Mango, Панталони: Calvin Klein, Обетки: Mango

Истите, години наназад се синоним за елеганција, па токму поради тоа, стилските дами задолжително ги бираат кога сакаат да се издвојат од толпата. Совршени за студениот период, капутите или јакните во црна или бела нијанса се парчиња што задолжително мора да се најдат во вашиот плакар.

Фустан, кошула, чизми: Mango, Шапка: Parfois

Подеднакво сигурен избор за оние кои не сакаат да експериментираат се и минималистичките комбинации во кои можете да вметнете некој од омилените џемпери сезонава во комбинација со класично здолниште со модерен твист и секогаш – добри чизми.

Џемпер: Springfield, Здолниште: Mango, Чанта: Parfois, Чизми: Geox

Во комбинациите што ние ви ги предлагаме за секој ден од работната недела вметнавме шик парчиња со огромна популарност на социјалните мрежи, но и класици за сите дами што се вљубени во смирените стајлинзи.

Како едни од највпечатливите парчиња од комбинациите се издвојуваат црната бунда, блузата од кадифе, кожените широки панталони, чизмите со врвки, фустанот од твид комбиниран со романтична кошулка со јака и јакната со впечатливо извезен конец.

Кошула: Parfois, Панталони, јакна, чизми: Mango

Доколку сè уште не си ги одбравте парчињата што ќе ја одбележат вашата студена сезона, тогаш овој понеделник е како создаден за онлајн шопинг или посета на некоја од нашите продавници каде ве чекаат уште повеќе стилски и нови парчиња.

Панталони: Calvin Klein, Блуза, бунда: Mango, Чизми: Geox 

 

Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:



                                                 

16.11.2020.
Trenutno nema komentara

Слични статии

18.
Sep.
2022.
БЛОГ
На денот на најголемиот настан во кој се вперени очите од сите страни на светот, погребот на кралицата Елизабета Втора, се потсетуваме зошто многумина ја нар...
16.
Sep.
2022.
БЛОГ
Ја отвораме новата сезона со најстилските парчиња што можете да си ги замислите, а ако на оваа прекрасна вест додадеме дека со секоја сметка добивате ваучер ...
13.
Sep.
2022.
БЛОГ
Иако секогаш омилената црвена нијанса и оваа сезона некако излезе на површина, сепак, кафените и крем бои од палетата се нешто на што едвај чекаме.