Барај
Модата на АМА: Дамите одбраа сребрено за спектакуларен изглед!
БЛОГ

Модата на АМА: Дамите одбраа сребрено за спектакуларен изглед!

 

 

Во понеделникот, традиционално, се одржа доделувањето на Американските музички награди, за прв пат во историјата, во сосема поинакво издание.

Иако со виртуелна публика и со црвен килим сместен зад сцената, тоа не ги спречи познатите дами да блеснат и да одберат ултра стилски дизајнерски парчиња какви што само тие знаат.

Очекувано, штом на настанот е најавена најголемата дива на денешницата, Џенифер Лопез, и повеќе од сигурно е дека истата ќе ги засени сите останати.

Така и беше.

Таа на настанот пристигна во секси сребрена креација со потпис на Балман, комбинирана со сандали на висока потпетица и неодолив, „мокар“ изглед на косата.

Подеднакво фасцинантен беше и заедничкиот настап со Малума, за кој многумина ќе кажат дека бил копија на оној на Бијонсе од 2014 – тата година на Греми наградите, но сепак, во ниту еден момент не смееме да ја занемариме неприкосновената енергија со која таа зрачи.

Кога говориме за впечатлив изглед, никако не смееме да ја заборавиме и годинешната водителка на настанот, исклучително талентираната актерка Тараџи П.Хенсон која промени дури 12 комбинации на сцената, а во секоја една изгледаше фасцинантно.

Познатите дами што годинава доминираа на доделувањето на наградите одбраа креации во претежно сребрени нијанси, а дел од нив во омилените зимски бои – интензивна црвена, темно зелена, кафена и златна.

Во пресрет на празничната сезона, поинаква од кога и да е, ние одбравме неколку парчиња кои се вистински класици и кои секоја дама треба да ги има во плакарот за оние моменти кога сака да блесне и да се истакне од толпата.

Во исчекување на сите оние убави моменти што допрва следат, искористете ги сезонските попусти и промоции и нарачајте го вашиот омилен фустан уште денес!

Фото: Getty Images

Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:



                                                   

 

24.11.2020.
Trenutno nema komentara

Слични статии

18.
Sep.
2022.
БЛОГ
На денот на најголемиот настан во кој се вперени очите од сите страни на светот, погребот на кралицата Елизабета Втора, се потсетуваме зошто многумина ја нар...
16.
Sep.
2022.
БЛОГ
Ја отвораме новата сезона со најстилските парчиња што можете да си ги замислите, а ако на оваа прекрасна вест додадеме дека со секоја сметка добивате ваучер ...
13.
Sep.
2022.
БЛОГ
Иако секогаш омилената црвена нијанса и оваа сезона некако излезе на површина, сепак, кафените и крем бои од палетата се нешто на што едвај чекаме.