На повеќе од еден месец до Новата година, актуелната прва дама на САД Меланија Трамп деновиве ужива во украсувањето на Белата куќа за последен пат пред заминувањето.
Иако речиси секоја година таа беше критикувана за начинот на кој ја декорира Белата куќа за празниците, едно е сигурно – и оваа година тоа го прави во исклучителни комбинации.
Можеби контроверзна, но мора да признаете дека и вам ќе ви недостасуваат исклучителните и секогаш елегантни комбинации што таа ги правеше за бројните прилики за време на мандатот на нејзиниот сопруг, претседателот Доналд Трамп.
Секогаш вљубена во елеганцијата и вечните класици на кои постојано им даваше модерен призвук, Меланија ќе остане запаметена по неодоливите дизајнерски парчиња што и прилегаа и повеќе од добро на нејзината манекенска фигура.
Доколку сте од оние што го обожуваат дамскиот изглед, тогаш, таа ќе биде ваша вечна инспирација, секогаш одбирајќи капути со совршен крој, фустани со потпис на некои од најпознатите дизајнери, но и чевли и чанти како есенцијални парчиња во нејзините комбинации.
Настрана нејзиното минато како модел, светот и официјално ја запозна во синиот комплет од Ралф Лорен за кој податоците кажуваат дека има добиено најголем број копии од било кое парче во модната историја, а тоа доволно говори за нејзината популарност.
Сè понатаму е стилска историја.
Во бројните прилики кога сакаше да остави впечаток на светот, таа ги одбираше најстилските парчиња почнувајќи од капути со рамен крој што секоја дама треба да ги има во плакарот, па сè до лежерни комбинации надополнети со шик Тимберленд чизми.
Секако, имаше и моменти за кои социјалните мрежи непрестајно „бунтуваа“, почнувајќи од екстремно скапите фустани со потпис на Шанел и Долче и Габана, со кои, како велеа, „може да се реализираат бројни проекти“, па сè до изборот на белите шапки, високите потпетици за посета на поплавените подрачја, дијамантскиот прстен од три милиони долари за портретот и што уште не.
Ние денеска се потсетуваме на неколку од нејзините највпечатливи зимски стајлинзи и ви предлагаме парчиња за кои сметаме дека дефинитивно секоја дама треба да ги поседува, а овие денови, ги нарачувате во рамки на новата, одлична промоција!
Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup: