Иако клише, понеделникот е еден од оние денови кога сериозно ни треба причина плус за да станеме од кревет и да ги завршиме сите обврски во текот на денот.
Денеска, овие два збора ќе бидат доволни да се соочите со сите предизвици што ги носи новата недела – Cyber Monday!
Последниот понеделник од месец ноември и ден пред почетокот на најубавиот месец во годината, традиционално, почнува сезоната на најголемите попусти кога конечно, може да си го дозволите сè она што го посакувавте изминатиот период.
Со цел да ви овозможиме празнична сезона полна магија, и оваа година во Fashion Group го организиравме најдобриот онлајн шопинг на сите оние производи во кои бевте вљубени долго време, а денеска, ги добивате на намалување од -70%.
За да го направиме понеделникот уште поубав од она што е, во рамки на омилениот ден за онлајн шопинг ќе добиете и намалување од -30% на селектирани артикли на колекцијата есен – зима, каде дизајнерите на нашите брендови ги сместија најубавите топли парчиња за студената сезона.
Не пропуштајте ја шансата само сега, по неодолива цена да си ги набавите омилените чизми од Timberland, чантата од Guess што секогаш ја стававте во кошничка, кул дуксерот од Levi’s или неодоливиот фустан од Mango за убавите прилики пред вас.
Заштедете и истовреме збогатете го плакарот со фантастични парчиња со кои допрва ќе ги правите најубавите комбинации, но нарачајте си го и омиленото парче од новите колекции, сега, на намалување од -30%.
Ако сте во можност, овој студен понеделник останете дома и уживајте нарачувајќи онлајн, но не заборавајте и дека се ближи празничната сезона, па размислувајте и за подароци за најблиските!
Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup: