Барај
Како да ги облечеме децата во зима?
БЛОГ

Како да ги облечеме децата во зима?

 

 

Да признаеме, веројатно и вие се замисливте кога го прочитавте можеби најпоставуваното прашање на родителите во зимскиот период.

Утринските минусни температури повторно ја отворија вечната дилема за тоа колку облека им е потребна на децата во овој период од годината, а притоа да им биде сосема топло и истовреме, да се чувствуваат удобно.

Токму зимските утра на родителите им носат посебни предизвици – дали на моето малечко му се потребни повеќе слоја облека, дали му е потребна капа, колку ќе му биде топло во текот на денот, дали ќе се чувствува убаво... и уште многу други прашања.

Додека се сè уште мали, веројатно вие сте оние кои го даваат одговорот на овие прашања, но секогаш имајте на ум дека тие брзо ја губат топлината, па се случува да ги однесете во градинка или на училиште „смрзнати“.

За да ви одговориме на дилемите за тоа како да ги облечете децата во зима и барем малку да ви ја олесниме потрагата по соодветна облека за вашите дечиња, разговаравме со педијатар доктор Драгана Емел Маркоска, која се чини секогаш е тука да помогне во вечните дилеми на родителите.

На прашањето колку облека им е потребна на децата во овој, зимски период, таа посочува дека периодов не е исклучително студено како што знаело да биде во овие месеци, па токму затоа, треба да внимаваме да не ги претоплиме, само затоа што е декември.

„Оваа година сме свесни дека сè уште не е така ладно како други години во овој период на годината. Што значи, не треба да ги облекуваме децата со одреден број на алишта бидејќи е декември, туку треба да видиме колку навистина е надвор ладно, колку ќе се задржиме надвор, дали детето ќе престојува внатре, дали ќе има одредени активности, каде ќе го помине денот и сл.“, вели доктор Драгана, додавајќи дека единствено неколку работи се од есенцијална важност овој период.

„Овој период детето од дома не смее да излезе без капа, која е задолжителна, но и без маска, поради загадувањето на воздухот. Доколку станува збор за минусни температури, не смеете да ги заборавите ниту шалот и ракавиците“, додава таа.

Веројатно и вие сте од оние кои понекогаш се двоумат дали панталончињата им се соодветно топли или пак им треба и чифт хулахопки или пак маичка под блузата, односно не сте сигурни колку слоеви облека им е доволно...

„Слоевито облекување е нешто што веројатно е најдобро за децата. Но, и во тоа облекување треба да се внимава колку облека ќе му се облече на детето. Хулахопки може, ама само ако има минусни температури надвор и доколку детето престојува подолго време на отворен простор. Не треба да заборавиме дека топлината му пречи на детето, го прави нервозно, вознемирено. Понекогаш, доколку детето е премногу облечено, не може да се движи како што треба, а ова особено важи за помалите дечиња кои и така не се доволно стабилни, па ние со алиштата го отежнуваме движењето дополнително“.

Секако, меѓу најголемите зимски дилеми кога станува збор за одбирањето соодветна облека за децата е и од каков материјал истата ќе биде изработена и што всушност е добро за нив.

„Секогаш треба да одбираме материјали кои се пријатни за носење, облеката треба да им биде од материјал што и дозволува на кожата да дише, па најчесто, најдобро е да бидат памучни материјали. Капата не мора да биде волнена за да биде доволно топла, може да биде и од друг соодветен материјал“, вели доктор Маркоска.

И самите сме свесни дека играта надвор е она најважното за децата, па дури и во зимски услови, кога единствено нешто што треба да го промените е облеката.

„Играта надвор е од особено значење на децата. Како прво, ги правиме децата среќни, а тоа е најдобриот пријател на имуниот систем на детето, исто така, ја запазуваме задолжителната физичка активност која треба да ја имаат децата, престојот надвор го зголемува количеството на производство на витамин Д кој исто така има големо влијание во имунолошкиот систем на детето. Како заклучок, нема поубава работа од престојот надвор за детето. Тоа е многу важно за нивниот физички и ментален развој“, појаснува доктор Маркоска.

Сосема на крај, кога денот ќе заврши, за децата нема ништо поубаво од уживање во домот со родителите и подготовка за заслужениот одмор. Но, повторно, како да го облечеме за спиење?

„Прво, температурата на просторијата каде детето спие треба да биде пониска, а собата проветрена. Потврдено е дека децата подобро спијат во постудени простории. Исто така, треба да се внимава да не го облечете многу детето. Се разбира, дебелината на пижамите се одбира според условите, односно, ако сте на планинско место и нема греење навечер, ќе го облечете детето со подебели пижами, но доколку живеете во стан каде има греење 24 часа, тогаш дебелината на пижамите нема да биде поразлична од онаа во лето“, заклучува доктор Драгана.

Сега кога соодветно ја разработивме темата за тоа колку облека им е потребна на најмалите во зимскиот период, време е да ја најдеме вистинската.

Од 2012 – тата година, употребата на рециклирани материјали при изработка на колекциите на Okaidi постојано се зголемува. Од 2016 – тата пак, речиси 90 проценти од јакните на брендот се изработени од еко – материјали.

Она на што мора да му посветите внимание при изборот на јакна за вашето дете е фактот дека истата мора да му ја овозможи потребната топлина, да не пропушта, перењето да биде едноставно и секако, квалитетот да биде неприкосновен.

Токму ова се само дел од особините на јакните на Okaidi кои досега се покажале како едни од омилените производи на брендот. Подеднакво важно е тоа што сите јакни се лабараториски тестирани што покажало дека оние подебелите, го чуваат детето затоплено до -20 степени, додека оние потенките, до неверојатни -10.

Ако сè уште се двоумевте каде да ја најдете вистинската јакна која ќе му биде најдобар сојузник на вашето малечко во зимските месеци, денеска потрагата завршува.

Погледнете ја новата колекција на брендот, во која сместивме неодоливи тенки блузички, џемпери, совршени пижами, панталони и што уште не, за шармантната зима што доаѓа!

Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:



                                                 

01.12.2020.
Trenutno nema komentara

Слични статии

18.
Sep.
2022.
БЛОГ
На денот на најголемиот настан во кој се вперени очите од сите страни на светот, погребот на кралицата Елизабета Втора, се потсетуваме зошто многумина ја нар...
16.
Sep.
2022.
БЛОГ
Ја отвораме новата сезона со најстилските парчиња што можете да си ги замислите, а ако на оваа прекрасна вест додадеме дека со секоја сметка добивате ваучер ...
13.
Sep.
2022.
БЛОГ
Иако секогаш омилената црвена нијанса и оваа сезона некако излезе на површина, сепак, кафените и крем бои од палетата се нешто на што едвај чекаме.