Барај
Stylish december: Пет тренди комбинации што мора да ги пробате!
БЛОГ

Stylish december: Пет тренди комбинации што мора да ги пробате!

 

 

Месец декември со себе носи една посебна магија, но покрај онаа празничната, постои нешто толку возбудливо во очекувањето на новите почетоци.

Оваа година, можеби повеќе од било која друга, со нетрпение го очекуваме новиот почеток за кој со цело срце се надеваме дека ќе донесе само убави нешта.

Кога говориме за убавите нешта, новите колекции на нашите брендови со себе донесоа повеќе возбуда од кога и да е, претворена во совршени и шик парчиња кои знаеме дека едвај чекате да ги носите.

За да ја завршиме годината како што впрочем и ја уживавме, со исклучителен стил, денеска правиме пет комбинации со парчиња од новите колекции што се сосема доволни за тренди декември.

Фустан - Parfois, Капут, чизми - Mango, Чанта - Guess

Станува збор за комбинации кои знаеме дека ќе сакате да ги носите одново и одново, бидејќи во истите сместивме неколку култни парчиња секогаш вредни за инвестиција.

Иако студен, декември секогаш е совршен за експериментирање со слоевитото облекување, па така, не двоумете се белата кошула и карираното палто да ги комбинирате со здолништа во сосема поинаков принт и да бидете впечатлива дива.

Кошула, ремен - Parfois, Здолниште, палто - Mango, Чизми - Springfield 

За сите оние дами кои месецов ќе го уживаат со работа од дома или пак во прошетки на отворено, задолжителни се дуксерите кои сезонава повеќе од кога и да е, доаѓаат во голем број модели и бои.

Не двоумете се и комбинирајте го и омилениот лежерен фустан, овојпат со топол волуменозен капут и чизми што ќе ве заштитат од температурите. Со додавање на топли модни додатоци како стилска капа и нежен шал, ја имате добитната комбинација за бројни прилики.

Фармерки - Mango, Дуксер, јакна - Guess, Чизми - Parfois 

Момците пак, сезонава се топлат во големиот број модели на јакни што ќе ги пронајдете на нашата онлајн страна и во продавниците на нашите брендови, но остануваа стилски и шик со впечатливите кошули, фармерки и секогаш омилените дуксери.

Фармерки - Guess, Јакна - Replay, Чизми - Geox, Кошула - Scotch&Soda 

Погледнете ја целата понуда од новите колекции на овој линк, а производите од комбинациите со само еден клик ставете ги во кошничка и уживајте во шопингот оваа среќна среда!

Дуксер - Calvin Klein, Јакна - Scotch&Soda, Капа, патики - Timberland, Фармерки - Tommy Jeans 

Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:



                                               

 

02.12.2020.
Trenutno nema komentara

Слични статии

18.
Sep.
2022.
БЛОГ
На денот на најголемиот настан во кој се вперени очите од сите страни на светот, погребот на кралицата Елизабета Втора, се потсетуваме зошто многумина ја нар...
16.
Sep.
2022.
БЛОГ
Ја отвораме новата сезона со најстилските парчиња што можете да си ги замислите, а ако на оваа прекрасна вест додадеме дека со секоја сметка добивате ваучер ...
13.
Sep.
2022.
БЛОГ
Иако секогаш омилената црвена нијанса и оваа сезона некако излезе на површина, сепак, кафените и крем бои од палетата се нешто на што едвај чекаме.