Ако сте од оние што обожуваат да поминуваат време на Инстаграм и да бараат инспирација за комбинации кај познатите блогерки, тогаш сигурно барем еднаш сте го погледнале профилот на српската инфлуенсерка Тамара Калиниќ.
Со речиси еден милион следбеници на социјалните мрежи, таа е дефинитивно најуспешната блогерка од овие простори со бројни соработки со светски брендови меѓу кои и Балман, Диор, Мајкл Корс, Ботега Венета и уште многу други.
Девојките ја обожуваат поради нејзиниот навидум едноставен стил што секогаш го разубавува со шик парчиња, но сепак, толку посебен за да го привлече вниманието на многумина.
Како што ќе каже во неколку наврати, посебниот стил и љубовта кон убавите работи ги наследила од нејзината мајка која ја смета за вистинска модна икона, па често се инспирира од неа и ужива во нејзиното друштво на патувањата.
Со оглед на тоа што е јавна личност, а покрај сè има дипломирано фармација, Тамара вели дека од исклучителна важност за неа е негата на лицето и телото, за што секогаш има одвоено посебни производи.
„Состојките на производите ми се многу важни. Често сакам да ги потсетувам луѓето дека ако нешто е природно, не значи дека е добро. Постојано ги слушам девојките како се жалат дека имаат акни, иако користат добри и природни производи. Многу е важно да го одберете вистинскиот за вас, со состојки што знаете дека ви одговараат и кои даваат ефект. Под ова мислам дека производот и не мора да биде органски, туку направен од добри состојки за вас“, изјави Тамара во едно интервју за магазинот „Hello“.
Токму вакви, но и многу повеќе совети во однос на негувањето на лицето и телото, но и совети за стилски комбинации, ќе најдете на нејзиниот блог „Glam&Glitter“ по кој всушност таа стана позната.
Доколку пак ви треба секојдневна инспирација, нејзиниот профил на Инстаграм е дефинитивно нешто што треба да го зачувате во листата на омилени, од каде со сигурност велиме дека постојано ќе црпите инспирација.
Вљубена во класиците на кои секогаш им дава шик нота, Тамара Калиниќ е дефинитивно една од најстилските модни икони од овие простори што треба да ја знаете.
За да ви ја олесниме потрагата по стилски парчиња овој декември, ние направивме листа на нашите омилени инспирирани од комбинациите на Тамара, па разубавете го овој облачен четврток со само еден клик на фотографиите!
Фото: Glam&Glitter
Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup: