Барај
Лиони Хан: Шик блогерка со софистициран стил!
БЛОГ

Лиони Хан: Шик блогерка со софистициран стил!

 

 

Секогаш среќна, но мора да признаете дека оваа дождлива среда ни треба причина плус за да почнеме со извршување на секојдневните обврски. Дождот не значи дека од дома треба да излеземе со првата комбинација што ќе ни дојде на ум, туку напротив, да блеснеме во полн сјај.

Уметноста на софистицираните комбинации до толку ја усоврши оваа прекрасна девојка, што многумина денес ќе кажат дека е една од најстилските блогерки што светот ја запознал.

Доколку досега не сте го погледнале Инстаграм профилот на Лиони Хан, денеска е совршен ден за тоа. Токму таму, ќе ги најдете најубавите комбинации составени од парчиња што можеби и вие ги имате во плакарот, но никогаш не помисливте дека ќе изгледаат совршено комбинирани на тој начин.

Таа е дефинитивно неисцрпна инспирација кога се шик комбинациите во прашање, успевајќи да спои бои и парчиња на едноставно неодолив начин.

Вљубена во високата мода, оваа германска блогерка е една од највлијателните инфлуенсерки на денешницата, па често на нејзиниот профил ќе видиме соработки со некои од најпознатите светски брендови.

Оваа супер успешна девојка нејзиниот стил го опишува како женствен и забавен, секогаш насочувајќи се кон тоа едно омилено парче што го диктира остатокот од комбинацијата.

„Одберете го вашето омилено парче и оставете тоа да го направи остатокот од комбинацијата. Зависно од пригодата и местото каде одите, одберете ги соодветните бои. Неодамна, бев на патување во Индија и со себе понесов парчиња со многу принт и чанти во јаки бои, за што мислам дека не згрешив. Сосема на крај, најважно од сè е како вие се чувствувате во она што го носите. Јас секогаш се инспирирам од моќните жени низ историјата и од сите оние што се осмелуваат да бидат поинакви, а тоа се гледа преку нивниот стил“, вели Лиони во едно интервју за Net – a – Porter.

Како што самата ќе каже, а е и повеќе од точно, модата секогаш треба да е поврзана со забавата, правењето на комбинациите да биде доживување за секој и од време на време, да се впуштите во експериментирање.

Оваа сезона, омиленото парче на Лиони се „гломазните“ чизми за кои ќе каже дека може да ги вметне во секоја комбинација, без разлика дали се работи за романтичен фустан и капут, или едноставно, кожени панталони и впечатлива кошула.

Нејзината тајна кога е стилот во прашање е впечатливиот накит за кој ќе каже дека секогаш е одраз на нешто лично, па истиот, треба внимателно да го одберете.

Само за вас, денеска издвоивме некои од нејзините највпечатливи комбинации и ви нудиме парчиња од нашите брендови со кои ќе изгледате подеднакво неодоливо како Лиони.

Фото: Leonie Hanne Instagram, Net-a-Porter, Who What Wear, Style du Monde

Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:



                                             

09.12.2020.
Trenutno nema komentara

Слични статии

18.
Sep.
2022.
БЛОГ
На денот на најголемиот настан во кој се вперени очите од сите страни на светот, погребот на кралицата Елизабета Втора, се потсетуваме зошто многумина ја нар...
16.
Sep.
2022.
БЛОГ
Ја отвораме новата сезона со најстилските парчиња што можете да си ги замислите, а ако на оваа прекрасна вест додадеме дека со секоја сметка добивате ваучер ...
13.
Sep.
2022.
БЛОГ
Иако секогаш омилената црвена нијанса и оваа сезона некако излезе на површина, сепак, кафените и крем бои од палетата се нешто на што едвај чекаме.