Веројатно и вам некогаш ви се случува да ја одберете совршената лежерна комбинација за прошетка, но да не можете да ги пронајдете вистинските чевли што ќе ви ја понудат сета удобност потребна за слободниот ден.
Доколку сте од оние кои наутро сакаат да погледнат што има ново низ модните онлајн магазини, тогаш веројатно забележавте дека познатите дами ги одбраа хит чевлите за 2021 и не, не се работи за некој сосема нов и свеж модел туку за единствените – UGG чизми!
Ако истите беа огромен хит некаде во 2000 – тата и не постоеше девојка која немаше барем еден од моделите, во последните години истите повторно беа обожувани, но не како што тоа беше случај тогаш.
Се чини, карантинот измени се. Мора да признаете, не постојат подобри чевли од оние кои се облакаат за миг, притоа се исклучително топли, а истовремено толку шик и совршено се вклопуваат во секоја комбинација.
Ова се сосема доволни причини да си го набавите омилениот чифт UGG чизми за оваа сезона ако досега не сте го сториле тоа. Она за кое знаеме дека ќе се израдувате е тоа што сите модели на брендот се на одлично намалување, почнувајќи од -30 па сè до -50 %.
Она што задолжително мора да се спомене кога говориме за овој бренд е неприкосновениот квалитет и фантастичната, непогрешлива изработка на моделите уште од 1978 – та година кога и бил основан брендот.
За кратко време, UGG чизмите станале едни од омилените на момците и девојките во Калифорнија кои ги бирале за дополнување на сите оние лежерни комбинации, но вистинскиот бум истите го доживуваат во 2000 – та кога Опра истите ги нарекува нејзините омилени.
Веднаш потоа, истите стануваат едни од најбараните чевли во Америка, а ќе бидат вклучени и во бројни познати магазини, како модната библија Вог и кои уште не.
Оваа сезона, и вие бидете ултра стилска дама со вистинскиот модел на UGG чизми и не двоумете се да ги вметнете во секоја комбинација на која ќе помислите, уживајќи во неодоливата удобност што моделите ја носат со себе.
Само овие денови, истите се на неодоливо намалување во нашата онлајн продавница, но и во продавницата на Fashion&Friends во Скопје Сити Мол.
Фото: Vogue, Daily Mail, Popsugar, Instagram/UGGSlovenija, Instagram/UGGJapan, Getty Images
Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup: