И токму кога помисливте дека и оваа година нема да биде ништо спектакуларно кога се сериите во прашање, тизерот за продолжението на една од најкултните серии на сите времиња „Сексот и градот“, ни го промени мислењето.
Во кусото најавно видео што трае само 38 секунди, HBO Max го најавува продолжението на омилената серија на сите девојки во светот, прикажувајќи снимки од Њујорк и најавувајќи дека едноставно, приказната продолжува.
Веста за продолжението на серијата на своите Инстаграм профили го најавија и омилената Сара Џесика Паркер, Синтија Никсон и Кристин Дејвис, но се чини најинтересната, изостана.
Видеото беше тотално фрлено во сенка поради коментарите на приврзаниците на серијата дека истата без Ким Катрал или секогаш уникатната Саманта, нема да биде она што сите го очекуваат – тотален бум!
Според продуцентите, меѓу кои и познатите актерки од серијата, приказната ќе го раскажува животниот пат на трите дами во нивните 50 – ти, а ќе има околу 10 епизоди во времетраење од половина час.
Иако поголемиот дел возбудени, имаше и такви кои воопшто не беа задоволни со тизерот, посочувајќи дека барем делот каде што стои дека приказната продолжува, би можел да биде малку поинтересен со оглед на тоа што сите знаеме каков шик писател е Кери.
Настрана негативните коментари, видеото дефинитивно нè врати во едно прекрасно време кога немаше ништо подобро од епизода од серијата по напорен ден надвор. Немаше ништо подобро од уживањето во метежот во Њујорк, барем виртуелно, додека се замислувавме како ги носиме култните комбинации по кои Кери Бредшо вечно ќе остане запаметена.
Токму овие прекрасни сеќавања, како и желбата 2021 да биде најдобрата до сега, ни даваат надеж дека и продолжението ќе биде вредно за издвојување половина час во денот во друштво на пријателките.
Видеото ни даде и мала надеж дека можеби наскоро, животот повторно ќе раскажува убава и секогаш стилска приказна, а во тоа име, денеска се потсетуваме на некои од најдобрите комбинации на прекрасните дами од серијата.
Бидејќи знаеме дека ќе ги обожавате, пронајдовме слични производи од нашите брендови за кои не треба да се двоумите дали да си ги набавите, бидејќи апсолутно треба да блеснеме во подобрите денови кои дефинитивно се наѕираат!
Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup: