Барај
Најслатките шик комбинации за тебе и најдобрата другарка се со потпис на Окаиди!
БЛОГ

Најслатките шик комбинации за тебе и најдобрата другарка се со потпис на Окаиди!

 

 

Меѓу најважните работи во животот на младите дами се дефинитивно нивните најдобри другарки со кои поминуваат огромен дел од денот и со кои ги делат и најголемите тајни!

Навраќајќи се наназад, постоеше време кога до толку се обожувавме со другарките што дури носевме и исти или слични парчиња облека, но секогаш, секоја беше посебна приказна за себе.

Некоја со авантуристички дух, некоја смирена и секогаш ултра храбра, некоја палава...најдобрите другарки се дефинитивно нешто што останува за цел живот, една посебна врска од која никогаш нема да се откажете.

Новата и неодолива колекција на омилениот бренд на најмилите, е полна шик парчиња во кои секоја млада дама ќе сака да ја раскаже својата приказна.

Како и секогаш, изработени од најквалитетните и најудобни материјали, новите парчиња на Окаиди се љубов на прв поглед, полни позитивни пораки, впечатливи и нежни принтови, бои на кои никој не може да им одолее, а секое едно од нив на совршен начин ја повикува пролетта.

Колекцијата е полна со стилски парчиња, почнувајќи од здолништа со тул совршени за секоја пригода, хеланки и фармерки како омилен избор за на училиште, памучни маички и џемпери за безброј комбинации и најважно, топли јакни за сите студени денови што останаа до пролетта.

Заедно со вашите родители, одберете ги парчињата со кои ќе уживате во новата сезона, во безгрижните игри пред зграда, на прошетка со другарките, сонувајќи ги најубавите соништа, забавувајќи се, пишувајќи во дневникот и што уште не.

Уживајте во секој миг од безгрижното детство во парчиња што дефинитивно ви го дозволуваат тоа, изработени од рециклирани материјали на кои секогаш им се посветува толку многу внимание.

Особено внимание како и секогаш им се посветува на материјалите од кои е изработена долната облека и секако, пижамите, па така е и овојпат.

Што се однесува до моделите, повторно, неодоливи пижами со ултра слатки принтови за најубавите соништа, за сите преспивања и дружби со другарките и за целата забава во вашата омилена детска соба.

На следниов линк, погледнете ја целата колекција на најслаткиот бренд, а со само еден клик направете ја вашата нарачка уште денес!

Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:



                                               

28.01.2021.
Trenutno nema komentara

Слични статии

18.
Sep.
2022.
БЛОГ
На денот на најголемиот настан во кој се вперени очите од сите страни на светот, погребот на кралицата Елизабета Втора, се потсетуваме зошто многумина ја нар...
16.
Sep.
2022.
БЛОГ
Ја отвораме новата сезона со најстилските парчиња што можете да си ги замислите, а ако на оваа прекрасна вест додадеме дека со секоја сметка добивате ваучер ...
13.
Sep.
2022.
БЛОГ
Иако секогаш омилената црвена нијанса и оваа сезона некако излезе на површина, сепак, кафените и крем бои од палетата се нешто на што едвај чекаме.