Изминатата година речиси и целосно да ни се промени животот, почнувајќи од животните навики, па сè до работењето од дома на кое се чини беше тешко да се навикнеме.
Но, работите полека почнаа да се враќаат во нормала, па така и сите ние на работа. Овојпат, во поведри бои од кога и да е, во супер шик стил.
Ако сте од оние кои сакаат промени, нашите нови колекции изобилуваат со ултра стилски парчиња во светли нијанси како ултимативен хит во новата сезона.
Не двоумете се и оваа пролет освежете го вашиот плакар со костим во светло сина, црвена или неодолива нијанса на зелена и блеснете како никогаш досега на работното место.
Тоа не значи дека треба да се откажете од личниот стил, туку само дополнително да го „зачините“ и да пробате нови парчиња.
Секако, за сите оние кои секогаш и се враќаат на класиката, нашите брендови понудија и стилски парчиња за на работа во безвременска црна, темно сина и секогаш неизбежната бела.
Станува збор за парчиња во кои секогаш вреди да инвестирате кога говориме за вашиот стил на работа и кои можете да ги носите одново, но секогаш да изгледате толку шик.
Момците пак, без разлика на студената сезона, секогаш обожуваат совршено скроена кошула, па така, моменталното намалување во нашите продавници и онлајн е соодветен момент да ја обновите вашата колекција.
Покрај тоа што парчињата што ги бирате се исклучително тренди, истите се и супер удобни, какви што и треба да бидат кога говориме за целодневен престој во канцеларија.
Ние направивме неодолива „Office Wear“ колекција која се состои од нови и неодоливи парчиња, но во истата вметнавме и парчиња кои сè уште можете да си ги набавите на намалување.
Одберете го вашиот фаворит, ставете го во кошничка или пак посетете ги нашите продавници за уште многу стилски месеци на работа.
Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup: