Барај
Ова се парчињата со кои Оливија Палермо ја најавува пролетта, ние ги имаме сите!
БЛОГ

Ова се парчињата со кои Оливија Палермо ја најавува пролетта, ние ги имаме сите!

 

 

Иако кога го прочитавте насловот можеби си помисливте дека сè уште е рано да говориме за пролет, но тоа е дефинитивно нешто што не одржува во живот овие зимски денови со кои очекуваме наскоро да се збогуваме.

Постои една исклучителна дама, дизајнерка и миленичка на светските модни брендови која се чини зад себе нема ниту една грешка кога се комбинациите во прашање, а тоа малкумина го можат.

Оливија Палермо е дефинитивно една од најстилските дами што било кога се појавиле во модниот свет, а секоја сезона ги носи најубавите парчиња кои за кратко време стануваат апсолутен хит.

Во последно време, таа работеше на нејзината нова колекција во која смести исклучителни парчиња изработени од најубавите материјали, дополнително истакнати со тантела, многу кожа, кариран принт, ретро кошули, широки панталони со висок струк, впечатливи палта и фустани и што уште не.

Со оглед на тоа што во нејзината кариера има соработувано со веројатно сите познати модни брендови, повеќе од очекувано беше да знае точно што сакаат жените и истото да им го понуди преку парчињата од нејзината нова колекција.

Изминатата година, таа повторно секојдневно не воодушевуваше со нејзините стилски комбинации на кои, поради пандемијата, овој пат им се воодушевувавме гледајќи ги низ улиците на Њујорк.

За вас, одвоивме неколку секојдневни комбинации на модната икона кои се совршени за дневна прошетка, составени од навидум базични парчиња, но сепак, толку стилски, кои можете да ги носите и на работа.

Според она што можеме да забележиме следејќи го нејзиниот стил изминатата и дел од оваа година, парчињата во кои таа сака да инвестира, а за кои ќе каже дека ќе бидат хит оваа пролет се доброто здолниште, кожените панталони, кошулата со интересна јака и тантела, тенките јакни во впечатлива минт или бела боја, но и капутот и џемперите за оние денови додека го чекаме сонцето.

На самите парчиња во прилог на комбинациите на Оливија, додадовме линк преку кој уште денеска можете да си го набавите парчето што ви се допаѓа, а за кое знаеме дека ќе го обожавате во пролетните денови.

Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:



                                                       

04.02.2021.
Trenutno nema komentara

Слични статии

18.
Sep.
2022.
БЛОГ
На денот на најголемиот настан во кој се вперени очите од сите страни на светот, погребот на кралицата Елизабета Втора, се потсетуваме зошто многумина ја нар...
16.
Sep.
2022.
БЛОГ
Ја отвораме новата сезона со најстилските парчиња што можете да си ги замислите, а ако на оваа прекрасна вест додадеме дека со секоја сметка добивате ваучер ...
13.
Sep.
2022.
БЛОГ
Иако секогаш омилената црвена нијанса и оваа сезона некако излезе на површина, сепак, кафените и крем бои од палетата се нешто на што едвај чекаме.