Барај
Стилски од понеделник до петок: Пет комбинации што ќе ги обожавате!
БЛОГ

Стилски од понеделник до петок: Пет комбинации што ќе ги обожавате!

 

 

Кој рече дека понеделникот мора да биде тежок? Постојат неколку начини да го разубавите, а со тоа и целата недела да ви тргне од рака и да биде поубава од која и да е досега!

Покрај тоа што психички мора да се подготвите за предизвиците што ги носи новата работна недела, од исклучително значење е да ги пронајдете комбинациите што ќе ви го направат денот уште полесен и во кои ќе уживате во текот на работното време.

Иако прво на што помислувате е дека истите мора да се удобни, да признаеме, тие мора и да се стилски! Доколку сакате да си ја олесните неделата и пред сè утрата, најдобар начин е да ги организирате сите комбинации во неделното попладне за истите да ве чекаат подготвени и храбро да зачекорите во денот.

Новите колекции на нашите брендови носат толку прекрасни парчиња, поради кои едвај чекаме да дојде пролет, но тоа не значи дека истите не можеме и сега да ги носиме.

Пролетната комбинација на која ќе и додадете топол капут е сè што можете да посакате за последните зимски денови со кои повеќе од сè сакаме да се збогуваме.

*Понеделник

Веројатно и вие сакате да се одморите од сите оние лежерни комбинации во кои најчесто ги поминувавме деновите и да блеснете во целосно шик издание какво што само вие знаете да го создадете.

*Вторник

Ова време од годината се дозволени апсолутно сите комбинации, па така, на стилската блуза и фармерките во бела боја (да, носиме бело и во февруари), без двоумење додајте им високи потпетици, а следниот ден комбинирајте ги омилените високи чизми со омиленото здолниште.

*Среда

Задолжително, за еден ден во неделата подгответе го омилениот костим, а доколку не сте обожавател на високи потпетици, прекршете ги правилата и бидете шик девојка со новите модели патики на Guess, кои се подобри од кога и да е.

Она на што не смеете да заборавите кога ги подготвувате комбинациите за целата работна недела, е еден ден да резервирате за парчиња во боја, па така ние ви даваме одличен предлог во сина нијанса како една од ултимативните за сезоната што доаѓа.

*Четврток

Конечно, во петок како и секогаш тотално се опуштаме, па тој ден резервирајте го за стилското џемперче што го остававте за семејните дружби, и овојпат, комбинирајте го со фармерки во темна боја и едноставни патики, а не заборавајте ниту на модните додатоци кои во новите колекции заземаат исклучително важно место.

*Петок

Со оглед на временските услови, задолжителен моден додаток за оваа недела е чадорот, а нешто на што не смеете да заборавите, секако, насмевката и доброто расположение!

Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:
                                             

08.02.2021.
Trenutno nema komentara

Слични статии

18.
Sep.
2022.
БЛОГ
На денот на најголемиот настан во кој се вперени очите од сите страни на светот, погребот на кралицата Елизабета Втора, се потсетуваме зошто многумина ја нар...
16.
Sep.
2022.
БЛОГ
Ја отвораме новата сезона со најстилските парчиња што можете да си ги замислите, а ако на оваа прекрасна вест додадеме дека со секоја сметка добивате ваучер ...
13.
Sep.
2022.
БЛОГ
Иако секогаш омилената црвена нијанса и оваа сезона некако излезе на површина, сепак, кафените и крем бои од палетата се нешто на што едвај чекаме.