Сосема навреме за најљубовниот празник во годината, Денот на вљубените, вашиот омилен бренд за долна облека Women’secret од чии парчиња секогаш остануваме без здив, ја претстави својата нова колекција која е поубава од кога и да е.
Полна со парчиња за сечиј вкус, оваа неодолива колекција е олицетворение на она како треба да изгледа долната облека во која секогаш ќе се чувствувате свои, а истовремено ќе изгледате прекрасно.
Дизајнерите за брендот за оваа сезона предлагаат ултра секси парчиња кога е долната облека во прашање, но она што радува е тоа што истите се и неодоливо удобни, па ќе можете да ги носите и во оние денови кога едноставно сакате да се чувствувате убаво.
Како и секогаш, исклучителен акцент при создавањето на истата е ставен на материјалите, па како што објаснуваат од брендот, во моментите кога ја носите се чувствувате како таа да е вашата втора кожа, што многу девојки го потврдуваат.
Во однос на боите, водени од она што е тренд кај долната облека, но и од она што секогаш го сакаат нивните клиенти, во оваа колекција превладува црната како ултимативна боја при одбирањето на долна облека, нежната бела како избор број еден за бројни други прилики, но и нежните нијанси на портокалова, виолетова, розова и темно црвена.
Тантелата и нежните и меки транспарентни материјали се дефинитивно најзастапени во изработката на прекрасните модели, а истите, совршено не потсетуваат на женската самодоверба и софистицираност.
Секој еден модел од истата е совршен подарок за Денот на вљубените за Вашата сакана, но и за самите себе, па така без двоумење одберете го парчето што најмногу ви одговара и нарачајте го онлајн или посетете ги продавниците на брендот.
Подеднакво совршени подароци кога говориме за Денот на вљубените се и пижамите што се дел од колекцијата на кои дизајнерите овојпат поставија послатки принтови од кога и да е, па така, чувствувајте се супер удобно и забавно во некои од пижамите со мотиви на Пинк Пантер или Снупи.
Ако овој Валентајн решивте да им подарите внимание и на вашите пријателки или мајка, оваа колекција е полна парчиња како слатки додатоци како несесер, бројни украси за коса, папучи, торби и што уште не, а ваше е само да го одберете најстилското.
Доколку пак имате сосема поинакви планови за подарокот за вашите сакани за Валентајн, новите колекции на нашите брендови се полни со ултра стилски парчиња, па на следниот линк можете да ги разгледате сите и да го одберете она што мислите дека ќе го израдува партнерот.
Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup: