Да, добро прочитавте! Вашиот омилен бренд Miss Sixty во чии парчиња обожувавте да ги поминувате тинејџерските денови, повторно е достапен кај нас.
Повеќе од драго ни е да ви соопштиме дека од оваа недела, на нашата групација и се приклучи еден од најстилските брендови денеска, во чии колекции се сместени ултра шик парчиња изработени од најквалитетните материјали во кои знаеме дека ќе уживате.
Направете ја совршената комбинација за вас од стилските блузи, фустани или пак џинсот по кој брендот е познат, како ултимативно парче во нивната нова колекција кое секогаш толку го обожаваме.
Оваа пролет, бидете стилска девојка во градот со парчињата на еден од омилените италијански брендови и направете безброј комбинации со парчињата кои се исклучително уникатни, а кои знаеме дека ќе ги надополните со малку магија потпишана со вашиот личен стил.
Она што девојките го обожуваат кај овој бренд, е тоа што од самото основање, во 1991 – та година, основачот Вики Хасан, секогаш се насочувал кон славење на женската убавина, сила и моќ, па се чини така остана и до денеска.
Како што ќе кажат од брендот, Miss Sixty девојката секогаш е толку нежна, но истовремено бунтовна и целосно своја, па токму такви се и парчињата што дизајнерите ги изработуваат за неа.
Од сезона во сезона, сè поголема е возбудата кога се работи за исчекувањето на новите колекции на брендот, па така беше случај и со оваа, која како и секогаш, е неодоливо инспиративна.
Сезонава, бидете сосема свои и комбинирајте го џинсот на Miss Sixty со блузите со животински принт, не двоумете се и одберете модел со уникатни сребрени детали, едноставни, но толку меки маички на куси ракави со интересен крој, но и сите други парчиња кои се создадени за вас.
Овој петок е совршен за ново парче во вашиот плакар со потпис на еден од омилените светски брендови, а истото купете го онлајн или во продавницата на Fashion&Friends каде можете да ги најдете парчињата на вашиот нов омилен бренд – Miss Sixty.
*Не пропуштајте го намалувањето од 10% на цела нова колекција онлајн и во продавница!
Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup: