Според временската прогноза, се чини дека полека ќе почнеме да уживаме во температурите соодветни за најубавото годишно време во годината – пролетта!
Покрај најстилските парчиња од новите колекции на нашите брендови со кои секојдневно ве запознаваме, постои едно на кое не смеете да заборавите – пролетната јакна.
По завршувањето на долгата и студена зима, сега е конечно време од плакарот да ги извадиме најубавите парчиња во кои инвестиравме изминатиот период и дополнително да ги стилизираме со парчето што мора да го имате, а кое секогаш е и повеќе од потребно.
Без разлика дали сте вљубеник во јаките бои или пак секогаш, оние посмирените, нашите брендови сезонава нудат јакни буквално за сечиј стил, а кои знаеме дека ќе ги обожавате.
Оваа пролет, бидете ултра креативни и уживајте правејќи комбинации со кои ќе оставите впечаток, а одберете ја и совршената за вас јакна од нашата супер понуда.
Постојат неколку ефектни модели во кои девојките се вљубија на прв поглед, а токму тие, ние денеска ви ги претставуваме, а истите можат да бидат ваши со само еден клик.
Станува збор за ултра шик јакни и мантили соодветни за пролетното време, а без истите ние не можеме да ги замислиме нашите пролетни комбинации.
Како и секоја топла сезона, така и оваа меѓу фаворитите се најде тексас јакната, овојпат во многу нови модели, кожената, без која никогаш не можеме, карираните плетени парчиња, долгите мантили во неодоливи бои, како и тенките, полнети јакни совршени за преодното време.
Со овие модели, никогаш нема да погрешите без разлика дали ќе ја облечете омилената комбинација од кошула и фармерки со висок струк или пак романтичен фустан, во секој момент ќе изгледате впечатливо и шик.
Од неутрални бои, па се до принтови што ќе ги обожавате, во продолжение го гледате нашиот избор на најубави пролетни јакни кои можете да ги најдете онлајн или пак во продавниците на нашите брендови.
Понеделникот не можеше да биде поубав!
Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup: