Иако сосема поинакво од секое друго издание на кое се сеќаваме, овогодинешната церемонија за доделувањето на „Златните глобуси“ беше можеби и најинтересното нешто на што сме биле сведоци од почетокот на пандемијата.
Пренесувано од две локации – една во Њујорк, друга во Лос Анџелес, водителките Ејми Пулер и Тина Феј уште еднаш направија вистинско шоу кога е шегата во прашање.
Очекувано, традиционален црвен килим речиси и да немаше, освен презентерките кои беа повикани на сцената и изгледаа подобро од кога и да е. Сите останати ѕвезди на кои им беа доделени награди оваа година, се вклучуваа онлајн и тоа беше нешто навистина историско.
Со оглед на тоа што од почетокот на пандемијата, познатата мрежа „Нетфликс“ постојано нижеше успеси, очекувано беше и на доделувањето на „Златните глобуси“, тие да го добијат најголемото внимание.
Особено популарната серија „The Crown“ која за кратко време стана една од најкултните на сите времиња, ја доби наградата за најдобра драмска телевизиска серија, додека планетарно популарната „The Queen’s Gambit“ ја доби наградата за најдобра лимитирана серија, додека прекрасната Ања Тејлор Џој ја освои наградата за најдобра телевизиска актерка.
Најдобар актер во светот на филмот беше Сара Барон Коен, најдобра актерка Андра Деј, додека пак за најдобар филм за изминатата година беше одбран фаворитот „Nomadland“.
Иако без црвен килим и публика која секогаш ја прави атмосферата уникатна, дамите и оваа година сосема се потрудија да блеснат во неодоливи креации, но се чини сето внимание на медиумите го предизвика актерката од „The Queen’s Gambit“, Ања Тејлор Џој која за пригодата одбра темно зелена креација од Диор, со ултра луксузен накит со потпис на Тифани.
Доколку сè уште немавте време да ги погледнете најдобро облечените ѕвезди на црвениот килим и онлајн на Златните глобуси, сега е вистинскиот момент за тоа.
Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup: