Барај
Модно патување на Fashion group – почувствувај ја слободата оваа пролет!
БЛОГ

Модно патување на Fashion group – почувствувај ја слободата оваа пролет!

 

 

Оваа пролет носи посебна приказна со себе, приказна за слободата и сета нејзина убавина... Овојпат, Fashion Group ви раскажува сосема нови, поинакви авантури на кои знаеме дека ќе се радувате...

Во новата, топла сезона, уште повеќе ги шириме хоризонтите и со нас на пат ги водиме прекрасните Дуња Јованиќ и Сара Јовановиќ како совршени претставнички на она што значи харизма, шарм, слобода и уникатно чувство за мода.

Дуња: Фустан, палто, чевли: Mango, Чанта: Guess,  Сара: Костим, чанта: Guess, Чевли: Mango 

Она посебното во сите кои оваа сезона беа дел од кампањата на Fashion Group, прикажа еден неодолив спој на млади и амбициозни луѓе кои секогаш имаат што да кажат.

На наше големо задоволство, двете дами заедно со нашите познати инфлуенсери, а нивни домаќини, имаа можност да уживаат во прошетката низ центарот на Скопје, да бидат сведоци на уште едно совршено музичко патување со талентираната Ана Петановска во МОБ, да ги вкусат најубавите специјалитети и едноставно, за миг, сите заедно да ја искусиме културата на нашата земја.

Дуња (Маркови кули) - Палто, топ, чизми: Mango, Здолниште: Guess 

Дуња (Музеј Битола) - Палто, панталони, капут, чевли: Mango 

Овојпат, модното патување целосно беше насочено кон прикажување на убавините на нашата земја, презентирани од млади и талентирани луѓе кои уште еднаш потврдуваат дека иако на поинаков начин, животот мора да продолжи.

Новите и исклучително стилски приказни што ги создадовме на ова модно патување, немаше да бидат единствени без нашите момци и девојки кои на совршен начин им го доловија секој еден град во кој заеднички уживаа во новите парчиња од брендовите на Fashion Group.

Сара (Музеј Битола) - Топ, кардиган, здолниште, капут: Mango 

Сара (Тиквеш) - Градник: Women'Secret, Кардиган, Панталони: Mango, Чанта: Guess

Како и секогаш, така и оваа сезона, токму пролетните парчиња сакавме да ги прикажеме на начин на кој секој ќе сфати дека не станува збор само за „нешто скроено“, туку дека секое едно од истите, раскажува посебна приказна како никогаш досега.

Сезонава, заедно со двете неодоливи дами и нивните домаќини, кои на уникатен начин го претставија нивниот крај, ве предизвикуваме да бидете похрабри од кога и да е, да го преземете ризикот кој толку долго го остававте настрана, да излезете од комфорната зона и да го „прегрнете“ сето она што животот го нуди.

Сара (Музеј Битола): Топ, кардиган, здолниште: Mango, Патики: Diesel 

Сара (Охрид): Дуксер: Superdry, Бермуди, патики: Guess, Ана Ристова: Јакна, кошула, хеланки: Guess, Чизми: Mango, Дуња: Палто: Guess, Маичка и фармерки: Miss Sixty 

Токму поради тоа, кампањата на Fashion Group за оваа сезона едноставно е насловена како „Почувствувај ја слободата оваа пролет“, како вистински момент да испливаме на површина и да му го понудиме на светот сè она што се крие во нас.

Пролетва, купете го грамофонот од продавницата за стари предмети, облечете го омилениот фустан и шетајте на пристаниште во Охрид, јадете ги највкусните јадења во Прилеп, бидете дама на Широк сокак, уживајте во убавините на Кавадарци и откријте го неоткриеното.

Дуња (Камени Мост): Јакна, топ, здолниште, патики: Guess, Стефан Спирковски: Дуксер, јакна, фармерки: Replay, Сара: Маичка, здолниште: Guess, Тексас јакна: Miss Sixty, Чанта: Parfois 

Дуња и Сара (МОБ): Дуња: Фустан, палто, чевли: Mango, Чанта: Guess,  Сара: Костим, чанта: Guess, Чевли: Mango 

Сосема на крај, не е важно колку пролетта ќе биде долга, важно е како вие ќе се чувствувате. На самиот почеток од истата, одвојте ден за себе и посетете ги продавниците на брендовите на Fashion Group за комплетирање на приказната која вие сакате да ја раскажете на вашето модно патување, за кое знаеме дека ќе биде незаборавно.

Организација и стајлинг: Fashion Group

Фотограф: Мирко Табашевиќ 

Шминка и фризура: Зоран Шурбевски 

Локации: Скопје, МОБ, Охрид, Прилеп, Битола, Кавадарци 

 

Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:



                                               

09.03.2021.
Trenutno nema komentara

Слични статии

18.
Sep.
2022.
БЛОГ
На денот на најголемиот настан во кој се вперени очите од сите страни на светот, погребот на кралицата Елизабета Втора, се потсетуваме зошто многумина ја нар...
16.
Sep.
2022.
БЛОГ
Ја отвораме новата сезона со најстилските парчиња што можете да си ги замислите, а ако на оваа прекрасна вест додадеме дека со секоја сметка добивате ваучер ...
13.
Sep.
2022.
БЛОГ
Иако секогаш омилената црвена нијанса и оваа сезона некако излезе на површина, сепак, кафените и крем бои од палетата се нешто на што едвај чекаме.