Барај
Најдобро облечените ѕвезди на доделувањето на Греми наградите
БЛОГ

Најдобро облечените ѕвезди на доделувањето на Греми наградите

 

 

Во недостаток на гламурозните настани на кои бевме навикнати, во овој период на светска пандемија, повеќе од среќни бевме кога на социјалните мрежи ги погледнавме познатите момци и девојки облечени во неодоливи комбинации како блескаат на доделувањето на годинешните Греми награди.

Иако без многу драма на која сме навикнати од страна на публиката и нивните најголеми обожаватели, сепак, вчерашното доделување на Греми беше ноќ за паметење.

Вечерта ја отвори еден од омилените момци во моментов, кој во сиот свој сјај и супер тренди Гучи изглед испеа некои од неговите најголеми хитови – веројатно претпоставивте дека се работи за Хари Стајлс.

На црвениот килим се појавија и некои од најпознатите дами во моментов, меѓу кои и секогаш блескавата Дуа Липа која за манифестацијата одбра неодолив кристален Версаче фустан, додека за настапот на големата сцена одбра подеднакво гламурозна виолетова креација.

Познатите дами за годинешното доделување се чини ги одбраа најпознатите дизајнери, па така прекрасните Клое и Хали беа ултра впечатливи во специјално изработени креации на Луј Витон во кои како и секогаш изгледаа исклучително уникатно.

Најголемо внимание како и секогаш предизвика миленичката на младата генерација Били Ајлиш, која облечена во шик креација на Гучи на сцената повторно докажа зошто е толку обожувана, а во придружба на нејзиниот брат Финеас, изгледаа навистина одлично под светлата.

На сцената да прими награда се појави и Бијонсе, која за пригодата одбра црна кожена креација во која доминираше, а дома си замина со 28 – та Греми статуетка, што ја направи најнаградуван артист во историјата на наградите.

Дека тоа беше целосно женска вечер кога се наградите во прашање, докажаа и наградите на Тејлор Свифт, Дуа Липа, Били Ајлиш, H.E.R и уште многу други дами.

Овој понеделник да го започнеме гламурозно барем кога се ѕвездите во прашање и за момент да уживаме во она што вчеравечер се случуваше во Лос Анџелес, а најдобрите комбинации и уште поубавите ѕвезди ги гледате во продолжение.

 

 

 

Фото: Vogue/Getty Images

Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:



                                               

15.03.2021.
Trenutno nema komentara

Слични статии

18.
Sep.
2022.
БЛОГ
На денот на најголемиот настан во кој се вперени очите од сите страни на светот, погребот на кралицата Елизабета Втора, се потсетуваме зошто многумина ја нар...
16.
Sep.
2022.
БЛОГ
Ја отвораме новата сезона со најстилските парчиња што можете да си ги замислите, а ако на оваа прекрасна вест додадеме дека со секоја сметка добивате ваучер ...
13.
Sep.
2022.
БЛОГ
Иако секогаш омилената црвена нијанса и оваа сезона некако излезе на површина, сепак, кафените и крем бои од палетата се нешто на што едвај чекаме.