Барај
Кул streetwear парчиња со кои ќе го „зачиниме“ секојдневнието!
БЛОГ

Кул streetwear парчиња со кои ќе го „зачиниме“ секојдневнието!

 

 

Иако официјално пролет, неофицијално, снег! Се чини последните денови од март ќе ги поминеме како што и му доликува на овој месец – во тотална неизвесност кога е времето во прашање и температури што не доликуваат на пролет.

Но, тоа никако не смее да не спречи да сонуваме за потоплите и поубави денови што се пред нас, а во кои едвај чекаме да блеснеме во полн сјај.

Токму за тие денови, ние ви подготвивме една исклучително стилска „streetwear“ колекција полна урбани парчиња од новите колекции на нашите брендови.

Во неа ќе најдете ултра шик парчиња кои се како создадени за правење на тренди комбинации, а во кои знаеме дека ќе се пронајде секој еден од вас.

Иако тотално изменета, се смета дека почетоците на streetwear културата датираат од 70 – тите, како исклучително возбудливо време за паметење.

Токму тогаш, се појавиле и некои од првите брендови кои понудиле streetwear парчиња на пазарот, инспирирани од панкот, „направи сам“ проектите, но и хеви метал културата.

Во тој период ќе ги најдете сите оние брендови кои својот бизнис го започнаа цртајќи на едноставни маички на куси ракави, на даските за сурфање, а подоцна и на сета останата облека што можете да си ја замислите.

Оттогаш, речиси и да не постои бренд што во своето постоење не лансирал streetwear колекција или барем некое парче кое потсетува на оваа култура.

Почнувајќи од удобните дуксери направени од исклучително пријатни и меки материјали, па сè до карго панталоните и „универзитетските“ јакни, последниве години изборот на урбана облека е навистина огромен.

Она што особено радува, е тоа што денеска, парчињата со ваков потпис можат да се вметнат во било која комбинација – во онаа за прошетка со пријателите, во онаа за на работа, ако условите ви го дозволуваат тоа, како и за некој настан за кој вие сметате дека ќе биде соодветно.

Во потрага по модна инспирација, на следниов линк можете да го погледнете нашиот избор на урбани и шик парчиња, сместени во една уникатна колекција едноставно наречена „Streetwear“.

 

Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:



                                               

22.03.2021.
Trenutno nema komentara

Слични статии

18.
Sep.
2022.
БЛОГ
На денот на најголемиот настан во кој се вперени очите од сите страни на светот, погребот на кралицата Елизабета Втора, се потсетуваме зошто многумина ја нар...
16.
Sep.
2022.
БЛОГ
Ја отвораме новата сезона со најстилските парчиња што можете да си ги замислите, а ако на оваа прекрасна вест додадеме дека со секоја сметка добивате ваучер ...
13.
Sep.
2022.
БЛОГ
Иако секогаш омилената црвена нијанса и оваа сезона некако излезе на површина, сепак, кафените и крем бои од палетата се нешто на што едвај чекаме.