Барај
Parfois нè води на незаборавна авантура со новата уникатна колекција
БЛОГ

Parfois нè води на незаборавна авантура со новата уникатна колекција

 

 

Постои ли нешто поубаво од долга и топла летна авантура...? Иако се чини како да подзаборавивме на овие моменти, омилениот бренд за модни додатоци Parfois на совршен начин нè потсетува колку е значаен мирот додека уживаме на омилената плажа со омилената музика, во друштво на оние со кои сакаме да ја споделиме убавината на денот.

 

Во новата кампања во која брендот ги промовира неодоливите парчиња кои толку многу потсетуваат на безгрижни топли денови, уште еднаш нè потсетува колку е важно понекогаш целосно да се посветиме на себеси и да уживаме во убавите нешта.

 

Светлите нијанси, лежерните материјали и летните дезени се нешто на што дизајнерите на брендот се насочија овојпат, прикажувајќи цела линија совршено летни парчиња со кои секоја дама ќе посака да ја заокружи совршената комбинација за топлите денови.

 

Авантурата на двете пријателки која е прикажана преку неодоливите фотографии направени на совршено летно место, одлично ја прикажува визијата на брендот за топлата сезона и колку модните додатоци можат да ја истакнат секоја комбинација.

 

Како што и тие самите ќе кажат, очекувајќи ги пооптимистичните денови кои се пред нас, да уживаме во моментот и вистински да го живееме, носејќи го она што прави да се чувствувате убаво.

 

Оваа сезона, сите девојки се вљубени во непредвидливите комбинации, па така, не двоумете се и на омилениот фустан со принт додајте му ги впечатливите кружни обетки, а косата дополнително украсете ја со свилена марама со шик дезен.

 

Во колекцијата ќе најдете некои од најголемите трендови за оваа сезона: мали чанти во неон нијанси, модни додатоци од тексас, впечатливи обетки во интензивни бои, очила во шик форми, но и широки кошули кои се како создадени за комбинации со фармерки со висок струк.

 

Како што ќе кажат од брендот, летните модни додатоци никогаш не треба да бидат здодевни. Ако претходно колоритната марама ја носевте само на врат со омиленото палто, оваа топла сезона, истата ја носиме заедно со костимот за капење, како блуза со омилените панталони, но и како додаток за чанта сакајќи дополнително да ја разубавиме истата.

 

Овој понеделник е како создаден за онлајн нарачка или посета на продавницата на Parfois во Скопје Сити Мол каде покрај новите парчиња, ќе пронајдете и многу други што ќе ве освојат на прв поглед!

 

 

Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:



                                                 

 

12.04.2021.
Trenutno nema komentara

Слични статии

18.
Sep.
2022.
БЛОГ
На денот на најголемиот настан во кој се вперени очите од сите страни на светот, погребот на кралицата Елизабета Втора, се потсетуваме зошто многумина ја нар...
16.
Sep.
2022.
БЛОГ
Ја отвораме новата сезона со најстилските парчиња што можете да си ги замислите, а ако на оваа прекрасна вест додадеме дека со секоја сметка добивате ваучер ...
13.
Sep.
2022.
БЛОГ
Иако секогаш омилената црвена нијанса и оваа сезона некако излезе на површина, сепак, кафените и крем бои од палетата се нешто на што едвај чекаме.