Барај
Носиме eco – friendly парчиња и се грижиме за Планетата!
БЛОГ

Носиме eco – friendly парчиња и се грижиме за Планетата!

 

 

Веројатно досега до вас стигна информацијата дека денеска е Денот на Планетата земја, па почувствувавме потреба уште еднаш да се потсетиме колку е значајно индивидуалното дело кога е во прашање грижата за истата.

Влијанието на климатските промени веќе сериозно се чувствува насекаде низ светот, па она што единствено ни останува е да реагираме веднаш за да може да се спречат сите негативни појави што би дошле во иднина.

Оваа година, темата е „Да ја обновиме нашата Земја“, па она за што ние денеска сакаме да разговараме е од колкава важност се и одржливите материјали со кои нашите брендови изработуваат дел од нивните колекции.

Исклучително значаен е фактот што речиси 80% од парчињата на брендот Mango во моментов се изработуваат од одржливи материјали, а нивниот план е до 2022 – та година, 100% од нивната понуда да биде eco - friendly.

Подеднакво значајна е и линијата „R(eco)nsider“ на брендот Springfield во која дизајнерите постојано вметнуваат нови колекции чии парчиња се изработени од рециклирани или органски материјали, како одржлив лен, разни типови на биоразградливи материјали, органски памук и што уште не.

Веројатно и самите знаете колкава е посветеноста на Timberland кога станува збор за зачувување на Планетата, особено во оној дел на засадување на повеќе од 50 милиони дрвај кои се планирани до 2025 – та година.

Токму преку материјалите што брендот ги користи и начинот на кој ги користи истите, тие се стремат не само кон намалување на негативното влијание врз околината, туку кон целосно минимизирање на истото и зголемување на позитивните импакти.

Оваа тема е исклучително значајна и во останатите брендови во чии производи уживате години наназад, па вредни за споменување се и одржливите колекции на Superdry каде до 2030 – тата година се планира целосно преминување кон еко материјали, а слична е приказната и со Levi’s, Hugo Boss, Guess, Women'Secret, Okaidi и многу други.

*Новата колекција Neymar x Superdry која можете да ја најдете во продавницата на брендот е целосно изработена од органски памук 

 

Како што челните луѓе на овие брендови ќе посочат, а и вие го знаете тоа, промените секогаш почнуваат од себе. Ако денеска планиравте да одите на шопинг, обидете се прво да ја погледнете етикетата и составот, бидејќи токму во тој момент, почнува приказната за промена.

Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:



                                                 

 

 

22.04.2021.
Trenutno nema komentara

Слични статии

18.
Sep.
2022.
БЛОГ
На денот на најголемиот настан во кој се вперени очите од сите страни на светот, погребот на кралицата Елизабета Втора, се потсетуваме зошто многумина ја нар...
16.
Sep.
2022.
БЛОГ
Ја отвораме новата сезона со најстилските парчиња што можете да си ги замислите, а ако на оваа прекрасна вест додадеме дека со секоја сметка добивате ваучер ...
13.
Sep.
2022.
БЛОГ
Иако секогаш омилената црвена нијанса и оваа сезона некако излезе на површина, сепак, кафените и крем бои од палетата се нешто на што едвај чекаме.