Барај
Оскарите нè вратија во времето кога уживавме во гламурозните церемонии
БЛОГ

Оскарите нè вратија во времето кога уживавме во гламурозните церемонии

 

 

Социјална дистанца и повеќе места на одржување истовреме, вчеравечер конечно, по долго време се случи гламурозна церемонија за која ќе се говори подолго време – доделувањето на Оскарите 2021. 

Иако се чини дека сосема заборавивме како изгледаа ваквите настани кои во последно време се одржуваат преку разните видови на онлајн платформи, гламурот на овогодинешните Оскари совршено ни ја освежи меморијата.

 

Познатите холивудски ѕвезди облечени во најубавите креации досега за чија изработка овојпат имаа навистина доста време, во ниту еден момент не ги разочараа нивните обожаватели и на црвениот килим се вратија во најдобро можно издание.

Годинава, познатите дами повторно целосно им се препуштија на светските дизајнери и на совршен начин ги прикажаа креациите од нивните нови колекции за висока мода, но крадеа воздишки и во креации специјално изработени само за нив.

 

Сосема одмерени, но со исклучителна доза на гламур, најголем дел од актерките оваа година одбраа светкави креации обоени во златна и сребрена варијанта, со безброј Сваровски кристали и накит со потпис на Булгари вреден повеќе од шест милиони долари.

Црвениот килим прва го освои прекрасната млада актерка Кери Мулиген која на церемонијата пристигна во златна креација на Валентино, а вистинска драма се случи кога се појави секогаш впечатливата Реџина Кинг во специјално изработена креација на Луј Витон со огромен број на Сваровски кристали.

 

Секогаш нежната Аманда Сајфрид овојпат изненади во впечатлива црвена Армани Приве креација која и прилегаше едноставно неодоливо, за веднаш потоа црвениот килим целосно да го преземе младата Зендаја во жолта креација на Валентино инспирирана од златните времиња на Шер.

 

Воодушевувачки убава беше и холивудската убавица во Марго Роби која блескаше во сребрена креација на Шанел и едноставна, но ефектна шминка и фризура, додека легендарната Хали Бери повторно изненади со нејзиниот совршен изглед облечена во фантастична виолетова креација на Долче и Габана.

 

Оваа година беше сосема интересно и тоа што и момците имаа храбри избори кога станува збор за црвениот килим. Највпечатлив од сите се чини беше актерот Колман Доминго кој се појави во целосно розов костим на Версаче што му прилегаше навистина добро. Подеднакво впечатлив во костим во земјени тонови беше и Саша Барон Коен кој за пригодата одбра костим со потпис на Ралф Лорен.

 

Кога сме кај наградите, се чини вчеравечер целосно беше посветена на филмот Nomadland како што и се очекуваше, па истиот ја доби наградата за најдобар филм, додека актерката Франсес Мекдоналд си замина дома со наградата за најдобра актерка.

 

Иако сите очекуваа дека наградата за најдобар актер постхумно ќе му биде доделена на фантастичниот Чедвик Босман, истата, според многумина сосема неправедно, отиде во рацете на Ентони Хопкинс.

 

Наградата за најдобра споредна машка улога беше доделена на актерот Даниел Калуја, додека наградата за најдобра споредна женска улога за прв пат во историјата беше доделена на Корејка, и тоа на прекрасната Јун Јух-Џунг.

 

Овој понеделник е целосно во знакот на Оскарите, па утрово уживајте во најдобро облечените ѕвезди на годинешното доделување.

 

Фото: Vogue/Getty Images

Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:



                                                   

26.04.2021.
Trenutno nema komentara

Слични статии

18.
Sep.
2022.
БЛОГ
На денот на најголемиот настан во кој се вперени очите од сите страни на светот, погребот на кралицата Елизабета Втора, се потсетуваме зошто многумина ја нар...
16.
Sep.
2022.
БЛОГ
Ја отвораме новата сезона со најстилските парчиња што можете да си ги замислите, а ако на оваа прекрасна вест додадеме дека со секоја сметка добивате ваучер ...
13.
Sep.
2022.
БЛОГ
Иако секогаш омилената црвена нијанса и оваа сезона некако излезе на површина, сепак, кафените и крем бои од палетата се нешто на што едвај чекаме.